Малку познатиот руски возач Сергеј Сироткин, кој има само 17 години, е на пат да стане најмладиот Формула 1 дебитант во овој мотоспорт, по најавите дека Заубер договорил спонзорство со руски конзорциум во кој се вклучени следниве фирми Меѓународнен фонд за Инвестиции, Државниот фонд за развој на Северо-Западниот дел на Руската Федерација и Националниот институт за воздухопловство.
Со ова партнерство Зубер се обврзува на натамошни активности за промоција на инаугуративната Ф1 Гран при трка во Русија, во Сочи, во 2014 година, и привлекување на талентирани млади руски возачи кон мотоспортот. Особено, ќе се создаде програма за развој на Сергеј Сироткин, за да го подготви како возач за тимот во 2014 година. Ако се потврдат овие гласини, Рускиот возач ќе има 18 години кога би го добил возачкото место, и на тој начин ќе стане најмладиот возач во Формула 1.
Тековниот рекорд за најмлад Ф1 возач го држи Џејми Алгуерсуари, кој имаше 19 кога го направи своето деби за Торо Росо на 2009 Унгарското ГП.
Се најавува дека Русинот ќе биде присутен и на претстојниот тест во Силверстоун, но само во улога на набљудувач, за што побрза негова аклиматизација со тимот. Со присуството на руски возач на патеката се настојува да се зголеми јавниот интерес за трката во Сочи.
Но, како и со трката во Њу Џерси, инаугурацијата на 2014 Руското ГП би можело да се одложи за 2015 година, ако Меѓународниот олимписки комитет одлучи дека подготовките за трката пречат на Зимските олимписки игри.
Добивката на Заубер со овој договор, покрај финансискиот аспект, е користење на know-how технологијата на Националниот институт за воздухопловство, еден од водечките научно истражувачки институции во Русија. Целта на партнерството е да се отворат нови перспективи и извори на приходи од комерцијализација на заеднички развиени технологии. Инаку со овој институт раководи таткото на Сироткин, Олег.
Досега, Виталиј Петров, беше првиот, и единствен руски возачот кој учествувал во Формула 1. Учествуваше на 57 ГП трки со Лотус и Катерам.
ТИМОТ НА ЗАУБЕР ЈА ВНЕСУВА РУСИЈА ВО ФОРМУЛА 1
7/15/2013 05:39:00 PM
0
Share to other apps