Вилијамс Ф1, објави дека Мајк Кофлан се повлекува од својата позиција како технички директор и ќе го напушти тимот со непосреден ефект. Неговото место ќе биде пополнето од Пат Сајмондс, кој започнува со работа од 19 август. Сајмондс се приклучува на Вилијамс од тимот на Марусија каде што имаше позиција на Технички консултант.
Сајмондс има 30 годишна Ф1 кариера во која постигна успех со некои од најдобрите тимови и возачи во овој мотоспорт. Својата кариера ја започна во Толман, потоа беше со Бенетон и подоцна Рено со кои постигнува неверојатен успех.
Неговите партнерства со Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо донесоа 32 победи, 4 Титули во шампионатот на возачи и 3 Титули во конструктори.
Сер Френк Вилијамс, основач и тимскиот шеф на Вилијамс Ф1, изјави: "Јас сум воодушевен што Пат се приклучи на тимот. Неговите технички способности и спортски успеси говорат сами за себе и јас сум сигурен дека неговото знаење и лидерство ќе придонесе значително за успехот, за кој сите ние во Вилијамс работиме напорно за да се постигне."
Пат Сајмондс изјави: "Вилијамс е тим кој има постигнато големи успеси и јас сум почестен што ќе имам удел во враќање на тимот на своето заслужено место во врвот на Формула 1. Сер Френк, Мајк и Клер ги поставија темелите за успех и јас сум неизмерно возбуден да го започнам овој нов предизвик."
ВИЛИЈАМС Ф1: МАЈК КОФЛАН ЗАМИНУВА, ДОАЃА ПАТ САЈМОНДС
7/16/2013 03:43:00 PM
0
Share to other apps