ВИЛИЈАМС И ДАВА ШАНСА НА СУЗИ ВОЛФ
7/15/2013 03:47:00 PM
0
Вилијамс Ф1, денес ја потврди возачката постава за тест сесијата на Силверстоун, на која ќе настапат, Сузи Волф, единствената жена возач во Ф1, младинската ѕвезда на Вилијамс, Даниел Јункадеља, а Пастор Малдонадо, исто така, ќе учествува за да се тестираат ревидираните гуми на Пирели. Сузи Волф за прв пат добива шанса за поголема километража со болидот на Вилијамс, ќе видиме како ќе се покаже, и дали има иднина како прв возач на тимот. Даниел, 22 годишниот млад Шпанец, во моментов се натпреварува во DTM. Секој од тројцата возачи ќе има по еден цел ден да го тестира FW35, но и да ги покаже своите можности.
Tags
Share to other apps