Пирели ќе донесе плус седум дополнителни сета на гуми за Силверстоун, три тврди, два медиум и два прототип гуми. Тековните возачи, кои може да учествуваат на овој тест, само под услов ако тие ги тестираат гумите, врз тест план доставен од страна Пирели, може да ги користат овие дополнителни сетови на гуми.
Пирели гумите, кои ќе се користат во Силверстоун, се оние кои ќе се користат од Унгарија, со 2012 конструкција и 2013 смеши. Според Пирели гумите кои ќе се тестираат, добро им се познати на тимовите, бидејќи тие имаат многу податоци за нивната конструкција од минатата година и смешите за оваа година.
ТИМ 1 ДЕН 2 ДЕН 3 ДЕН
1. Ред Бул Антонио Да Коста Даниел Рикардо Саинц Јуниор/Ветел
2. Ферари Давиде Ригон Давиде Ригон Маса/Ригон
3. Лотус Никола Прост Давиде Валсеки Кими Раиконен
4. Форс Индија Каладо/Ди Реста Адриан Сутил Пол ди Реста
5. Мекларен Кевин Магнусен Оливер Турви Гери Пафет
6. Торо Росо Џони Чекото Саинц Јуниор/Рикардо Верн/Квјат
7. Заубер Робин Фрајнс Фрајнс/Хулкенберг Кимија СатО
8. Вилијамс Даниел Јункадеља Пастор Малдонадо Сузи Волф
9. Марусија Елинас/Чилтон Родолфо Гонзалес Гонзалес/Бјанки
10. Катерам Александер Роси Вил Стивенс Ван дер Гард/Пик