Фелипе Маса, кога неговата форма оди надолу, се зголемуваат гласините дека неговото место во Ферари е во опасност. Делумно е тој виновен самиот, но дел од вината мора да ја превземе и тимот, кој го става во втор план на секоја трка. Според Бразилските медиуми, кои поблиску ја следат кариерата на својот сонародник, овој пат неговата Ф1 иднина е навистина во опасност.
"Вие не може да возите со екстра грижи или страв. Јас никогаш не сум го направил тоа во мојот живот."-изјави Маса, за бразилскиот весник, O Estado de Sao Paulo. "Доколку сум принуден на промена, тогаш тоа ќе мора да биде во друг конкурентен тим, инаку јас не би сакал да останам во Формула 1. Сакам да останам во Формула 1, но да се натпреварувам, а не само да учествувам. Ако поради некоја причина јас нема да имам шанса да останам во Ферари, ќе се обидам да одам некаде на друго место. Но, ако би можел да заминам во помалите тимови, јас не сум заинтересиран"
Ако во Ферари одлучат да не го продолжат договорот со Маса, според гласините кои кружат во Унгарија, двајцата најголеми кандидати за тоа место се Пол ди Реста и Нико Хулкенберг.
ФЕЛИПЕ МАСА И НЕГОВАТА ИДНИНА ВО ФОРМУЛА 1
7/26/2013 01:47:00 PM
0
Tags
Share to other apps