Себастијан Ветел со најбрзото време на денот!!!
По импресивната брзина на утринскиот тренинг, Себастијан Ветел и Ред Бул го диктираа темпото и на втората тренинг сесија. Ветел повторно побрз и на меките гуми од својот тимски колега, но сега за само 0.044 секунди разлика.Роман Грожан покажа дека Лотус ќе се замеша во врвот, поставувајќи го третото најбрзо време, додека тимскиот колега Кими Раиконен се мачеше со Џенсон Батон по започнувањето на неговите брзи кругови и речиси се судри со Џенсон Батон во последната кривина како што се приближуваше на многу потешкиот болид на Мекларен. На крај, за Раиконен само осмото најбрзо време.
Фернандо Алонсо покажа охрабрувачки перформанси со Ферари, тој беше само 0.162 секунди побавен од најбрзото време на Ветел, овој пат поткрепен од Фелипе Маса со петтото најбрзо време.
Проблемите за Мерцедес АМг продолжија и со меките гуми, па двата нивни болиди беа со над половина секунда заостанување од водечкото темпо. Сепак, охрабрувачки времиња за Хамилтон на долгите стинтови на медиум гумите и покрај високите температури, со околу 47 степени на патеката.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.264 34
2. Марк Вебер Ред Бул 1:21.308 + 0.044 42
3. Роман Грожан Лотус 1:21.417 + 0.153 40
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.426 + 0,162 34
5. Фелипе Маса Ферари 1:21.544 + 0.280 37
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.802 + 0.538 42
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:21.991 + 0.727 40
8. Кими Раиконен Лотус 1:22.011 + 0.747 32
9. Џенсон Батон Мекларен 1:22.180 + 0.916 41
10. Адријан Сутил Форс Индија 1:22.304 + 1.040 41
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:22.526 + 1.262 39
12. Серџо Перез Мекларен 1:22.529 + 1.265 37
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.781 + 1.517 36
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:22.837 + 1.573 42
15. Нико Хулкенберг Заубер 1:22.841 + 1.577 39
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.369 + 2.105 34
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.411 + 2.147 41
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.646 + 2.382 34
19. Чарлс Пик Катерам 1:24.325 + 3.061 38
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:25.065 + 3.801 36
21. Жил Бјанки Марусија 1:25.143 + 3.879 39
22. Макс Чилтон Марисија 1:26.647 + 5.383 33