И овде нема побрз никој од мене?!?
Викендот во Унгарија започна со новите гуми на Пирели кои ќе се користат до крајот од сезоната. Секако на првиот тренинг ја видоме само потврдата компонета, т.е. Медиум гумите. За разлика од претходните тркачки викенди, а можеби поради оваа промена Мерцедес АМГ го немаше меѓу најбрзите 5 болиди, за разлика од Ред Бул, чии болиди се покажаа најбрзи на патеката. Секако, како по обичај, Себастијан Ветел го имаше најбрзото време, со 0.259 секунди побрзо од својот тимски колега на втората позиција. Следуваа Кими Раиконен, Лотус, и Фернандо Алонсо, Ферари, како трет и четврт најбрз со меѓусебна разлика од само 0.012 секунди.Возачите на Мерцедес АМГ, а посебно Луис Хамилтон, не можеше да го "смири" W04, па беше возачот кој имаше најмногу излети надвор од патеката(ништо посериозно) и блокирање на предното тркало при кочење. Нико Розберг со осмото најбрзо време, а Хамилтон дури 13-то, но тие се привикнуваа на новите гуми на Пирели кои ги пробуваат за прв пат на овој тренинг, по казната за неучество на тест сесијата во Силверстоун.
Се на се, мирен тренинг, за "чистење" на правливата патека, а очекуваме многу повеќе на вториот слободен тренинг кој започнува во 14 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.723 19
2. Марк Вебер Ред Бул 1:22.982 + 0.259 24
3. Кими Раиконен Лотус 1:23.010 + 0.287 20
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:23.099 + 0.376 22
5. Роман Грожан Лотус 1:23.111 + 0.388 20
6. Џенсон Батон Мекларен 1:23.370 + 0.647 26
7. Адријан Сутил Форс Индија 1:23.390 + 0.667 20
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.531 + 0.808 28
9. Серџо Перез Мекларен 1:23.591 + 0.868 26
10. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:23.911 + 1.188 21
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:24.119 + 1.396 21
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.150 + 1.427 27
13. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.157 + 1.434 28
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:24.204 + 1.481 15
15. Фелипе Маса Ферари 1:24.299 + 1.576 19
16. Нико Хулкенберг Заубер 1:24.314 + 1.591 23
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:24.383 + 1.660 24
18. Пол ди Реста Форс Индија 1:24.608 + 1.885 21
19. Чарлс Пик Катерам 1:25.827 + 3.104 24
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:26.808 + 4.085 25
21. Жил Бјанки Марусија 1:27.617 + 4.894 20
22. Родолфо Гонзалес Марусија 1:28.927 + 6.204 25