Повторно се докажа дека моментално болидот на Мерцедес АМГ е најбрзиот во Формула 1 шампионатот и дека ни на Германското Гран При нема да може никој да му конкурира во брзина на кратки стинтови. Овој пат Луис Хамилтон го постави најбрзото време, кое беше за 0.2 десетинки побрзо од својот тимски колега Нико Розберг со второ најбрзо време.
Најблискиот нивни конкурент, Марк Вебер, со заостанување поголемо од 1 секунда. Стандардна тренинг сесија, во која се истакна лошиот старт на Ферари, кои се тимот кој назадува, наместо да напредува.
Фернандо Алонсо не успеа да постави време, инженерите цела тренинг сесија се обидуваа да го поправат неговиот болид, но безуспешно. Шпекулациите се дека имал проблеми со електриката.
Вториот слободен тренинг започнува во 14 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.754 25
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:31.973 + 0.219 25
3. Марк Вебер Ред Бул 1:32.789 + 1.035 22
4. Адријан Сутил Форс Индија 1:32.822 + 1.068 16
5. Кими Раиконен Лотус 1:32.956 + 1.202 22
6. Фелипе Маса Ферари 1:33.065 + 1.311 18
7. Џенсон Батон Мекларен 1:33.139 + 1.385 24
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:33.213 + 1.459 20
9. Роман Грожан Лотус 1:33.260 + 1.506 27
10. Серџо Перез Мекларен 1:33.456 + 1.702 18
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:33.493 + 1.739 18
12. Нико Хулкенберг Заубер 1:33.810 + 2.056 20
13. Даниел Рикардо Торо Росо 1:33.901 + 2.147 23
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.976 + 2.222 26
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:34.025 + 2.271 20
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:34.200 + 2.446 22
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:34.437 + 2.683 24
18. Чарлс Пик Катерам 1:35.674 + 3.920 23
19. Макс Чилтон Марусија 1:35.987 + 4.233 19
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:36.078 + 4.324 23
21. Рудолфо Гонзалес Марусија 1:37.459 + 5.705 21
22. Фернандо Алонсо Ферари без поставено време 2