Иако ова е патека која по својот облик повеќе личи на картинг патека, таа е изградена специјално за Формула 1 трки во средината на осумдесеттите години. Берни Еклстоун сакаше да има Унгарското ГП со цел да се одржи трка "на другата страна на железната завеса". Победник на првото Унгарското ГП, кое се одржа во 1986 година, беше Нелсон Пике, со болидот на Вилијамс. За добар круг на оваа патека болидот треба да биде способен добро да "легне" врз испакнатините, како и да има многу високо ниво на downforce. Добар грип и одличен вртежен момент се потребни при излез од бавните кривини, а единствено вистинско место за претекнување е под сопирање кај првиот свиок, на крајот од стартно-целната рамнина.
Хунгароринг е познат како патеката на која возачи ги забележуваат своите први Ф1 Победи. Дејмон Хил, Фернандо Алонсо, Џенсон Батон и Хеики Ковалаинен ја имаат својата Прва Ф1 Гран При победа на оваа патека.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел завршил на подиумот само двапати на Хунгароринг, тој беше трет во 2010 година и втор пред две години. Ова е една од малкуте патеки на која нема забележано Победа, а тоа може да се промени веќе овој викенд. Ако успее да победи, потоа останува уште патеката Остин во Тексас, но таа го имаше своето деби во Ф1 календарот за прв пат минатата година. Има две Пол позиции во 2010 и 2011 година.
• Марк Вебер исто така има два пласмани на подиумот во Унгарија, но за разлика од својот тимски колега, тој има Победа во 2010 година и трето место во 2009 година. На изминатите две трки тој беше жртва на грешна стратегија кои го оставија на 5-то место во 2011 година и 8-то место минатата година. Нема освоено Пол позиција, и има само еден старт од првиот ред, во 2010 година.
• Фернандо Алонсо има само една Победа на оваа патека, пред 10 години, а тоа беше неговата Прва Ф1 победа. Со Ферари тој има два пласмани на подиумот, второ место во 2010 година и третото место во 2011 година. Минатата година тој беше петти. Со Рено Ф1 има освоено две Пол позиции во 2003 и 2009 година.
• Фелипе Маса никогаш не се искачил на подиумот во Унгарија, а најголемата шанса за тоа ја имаше на трката во 2008 година, кога тој беше на водечкото место на три круга до финишот, но неговиот мотор не издржа до крај. Маса е последниот возач на Ферари кој стартувал од првиот стартен ред во далечната 2006 година.
• Џенсон Батон има две Победи на Унгарското ГП, и тоа двете на влажна патека, во 2006 година, неговата Прва Ф1 Победа и во 2011 година. Тие се, исто така, неговите единствени пласмани на подиумот. Тој беше трет по стартот на трката, но имаше одбрано погрешна стратегија, па заврши на шесто место. Никогаш не стартувал од првиот стартен ред, но има 3 старта од вториот ред.
• Серџо Перез нема позначајни резултати на Хунгароринг, тој беше 15-ти во 2011 година и 14-ти минатата година. Најдобра стартна позиција му е 10-тата, освоена во 2011 година.
• Кими Раиконен има по една Победа, во 2005 година, и Пол позиција, во 2006, со тимот на Мекларен. Неговото највпечатливо достигнување се шесте пласмани на подиумот, само еден помалку од рекордните седум на Унгарското ГП, кој го држат Аиртон Сена и Михаел Шумахер. Кога ја завршувал трката, осум пати, само две откажувања, тој секогаш се пласирал на првите седум места и неговиот пласман во трката, секогаш бил подобрување на стартната позиција.
• Роман Грожан минатата година на оваа патека го имаше својот Прв пласман на првиот стартен ред, со втората стартна позиција, но трката ја заврши на трето место, но може да се каже дека при вториот попит-стоп му подари позиција на својот тимски колега Кими Раиконен. Го има истото бреме на Маса во Ферари.
• Нико Розберг никогаш не се квалификувал на предниот ред или завршил на подиумот во Унгарија. Неговиот најдобар резултат во трка е четвртото место во 2009 година со Вилијамс. Тој е единствениот возач на Мерцедес АМГ кој има освоено поени во Унгарија, во 2011 и 2012 година, со 9-то т.е. 10-тото место.
• Луис Хамилтон има три старта од Пол позицијата во Унгарија, исто како Аиртон Сена, но рекорд го држи Михаел Шумахер со 7 Пол позиции. Исто така, има и 3 Победи, од кои најимпресивна беше во 2009 година со Мекларен, во сезона во која, како и оваа, тимот немаше Победа или пласман на подиумот. Тој секогаш се квалификувал во Топ 5 и секогаш ја завршувал трката на првите 5 места, освен во 2010 кога поради проблеми со менувачот не ја заврши трката, а се наоѓаше на 4-то место во тие моменти. Има скор од 6-0 против своите тимски колеги на квалификациите.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Унгарија, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија, со чиј болид настапи и на слободните тренинзи во 2011 година. На квалификациите во 2010г. со болидот на Вилијамс беше 10-ти, а трката ја заврши на 6-тото место, а 2012, со Форс Индија се квалификуваше, исто така, на 10-тата позиција, но трката ја заврши на 11-тото место.
• Пол ди Реста најдобриот резултат на Хунгароринг го има со 7-то место во 2011 година и е единствениот возачна Форс Индија со освоени поени на ова Гран При.
• Адријан Сутил во Унгарија ќе ја стартува својата 100-та ГП трка, но дали ќе ја заврши е прашање, бидејќи има три откажувања од 5 стартувани трки на Хунгароринг. Најдобар резултат му е 8-та стартна позиција освоена на минатата трка, но има лоши резултати во трката.
• Пастор Малдонадо има два настапи на Унгарското ГП, во 2011 се квалификуваше на 17-тата позиција, а трката ја заврши на 16-то место, а во 2012 се квалификуваше на 8-та стартна позиција, но ја заврши на 13-тото место.
• Валтери Ботас ќе го има својот деби старт на оваа патека, но минатата година ја почуствува патеката на слободните тренинзи исто така со болидот на Вилијамс.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 16-ти најбрз возач, а трката ја заврши, ни погоре, ни подолу, на 16-тото место.
• Даниел Рикардо има две трки зад себе на Хунгароринг, и тоа во 2011 го возеше болидот на ХРТ, кога се квалификуваше на 22-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 18-тото место. На оваа патека минатата година го возеше болидот на Торо Росо, стартуваше од 18-та позиција, за на крај трката да ја заврши на 15-тото место.
• Чарлс Пик минатата сезона во своето деби со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 21-та позиција, а трката ја заврши како 20-ти.
• Жил Бјанки, исто како и Ботас, ќе го има својот деби старт на оваа патека, но минатата година го почуствува асфалтот на слободните тренинзи со болидот на Форс Индија.
• Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во Унгарија со 11 Победи и 8 Пол позиции, вклучувајќи тука пет во изминатите шест години, а ја пропуштија Победата само во 2010 година, победник беше Ред Бул. Минатата година Хамилтон победи од пол-позицијата.
• Вилијамс има 7 Победи и 6 Пол позиции во Унгарија, но нивниот последен пласман на подиумот беше пред 10 години со Хуан Пабло Монтоја кој заврши на третото место.
• Ферари е третиот тим по победи во Унгарија, со 5 Победи и 7 Пол позиции. Најновиот пласман на Пол позицијата беше во 2005 со Шумахер, исто како и најновата Победа во 2004 година. Од 2006 година, Ферари има обезбедено само еден старт од првиот ред, како што напоменавме претходно, тоа беше Маса со втората позиција во 2006 година, но имаат пет пласмани на подиумот, последниот пред две години со Алонсо.
• Ред Бул има само една Победа, во 2010 година, со Вебер. Нивниот најнов пласман на подиумот дојде пред две години, благодарение на второто место на Ветел.
• Лотус минатата година ги имаше двата свои болиди на подиумот, со Раиконен втор и Грожан трет. На оваа патека тимот ја има забележана својата последна Пол позиција, но како Рено, во 2009 година со Фернандо Алонсо.
• Мерцедес АМГ има забележано само три поени во Унгарија, благодарение на Нико Розберг. Најдобрата стартна позиција е повторно дело на Германецот, 6-тата, во 2010 година.
• Форс Индија има освоено поени само еднаш во 10 старта, со Пол ди Реста, кој беше седми пред две години.
• Заубер освои поени тука за последен пат како БМВ Заубер, во 2010 година со Педро де ла Роса и Камуи Кобајаши.
• Торо Росо забележа поени само во 2011 година, со Себастијан Буеми и Џејми Алгуерсуари, и имаат само еден пласман во најбрзите 10 во Квалификациите, со Буеми во 2009 година.
2013 УНГАРИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
7/26/2013 06:30:00 PM
0
Share to other apps