"Секогаш е убаво да се видиш на прво место, но на Формула 1 тест сесиите, ние не знаеме кој со колку гориво вози на патеката. Тешко е да се споредуваме со останатите. Имаме доста добра идеја за тоа дали ова беше добар ден или не и ние чувствуваме дека имавме добар ден. Не возевме со квалификациски подесувања на болидот, но јас сум сигурен дека и никој од останатите тимови не беше во потрага по брз круг. Но, не може да знаме кој возеше со 60кг., кој со 40кг. гориво, едноставно не може да споредуваме времиња со останатите тимови. Во рамки на нашиот тим, ние сме среќни со целиот ден."
Од тековните возачи настапија пол ди Реста кој го имаше второто најбрзо време, и Макс Чилтон за тимот на Марусија, и успеа да биде дури 1.7секунди побавен од младиот тимски колега. Младите возачи на Ферари и Лотус немаа баш свој ден, не не импресионираа на првиот ден.
ПРВ ТЕСТ ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кевин Магнусен Мекларен 1:33.602 100
2. Пол Ди Реста Форс Индија 1:33.774 + 0.172 58
3. Антонио Феликс да Коста Ред Бул 1:33.821 + 0.219 82
4. Џејмс Каладо Форс Индија 1:33.986 + 0.384 27
5. Даниел Јункадеља Вилијамс 1:34.098 + 0.496 55
6. Џони Чекото Торо Росо 1:34.193 + 0.591 75
7. Робин Фрaјнс Заубер 1:34.236 + 0.634 72
8. Никола Прост Лотус 1:34.810 + 1.208 72
9. Давиде Ригон Ферари 1:34.874 + 1.272 76
10. Александер Роси Катерам 1:35.651 + 2.049 69
11. Тио Елинас Марусија 1:36.676 + 3.074 36
12. Макс Чилтон Марусија 1:38.347 + 4.745 27