Според Фелипе Маса проблемите со менувачот ја завршија неговата трка, но излетувањето е негова грешка. Возачот на Ферари се изврте при првата кривина додека беше на 6-тото место во четвртиот круг.
"Јас силно кочев на крајот од правецот и задните тркала блокираа, болидот отиде накосо лево и јас коригирав. Тогаш отиде накосо кон десно и јас се извртев. Бев во петта брзина, и јас се обидував да сменам во прва брзина, но менувачот не сакаше да реагира. Тој беше заглавен во петта брзина, се обидов да тргнам со поголема туража, но и на високи вртежи на моторот е тешко да се тргне со петта брзина."
Тимскиот колега на Фернандо Алонсо, кој тогаш беше две места поназад, трката ја заврши на четвртото место.
2013 ГЕРМАНИЈА ГП: ШТО СЕ СЛУЧИ СО ФЕЛИПЕ МАСА?!?
7/07/2013 09:32:00 PM
0
Share to other apps