Кими Раиконен и Ромaн Грожан се вратиja на Подиумот со Кими на второ и Роман на третото место на денешната трка за Големата Награда на Германија на Нирбургринг. Кими заврши само 1.008 секунди зад победникот во трката Себастијан Ветел, кој ја освои својата Прва домашна победа. Кими останува на третата позиција во шампионатот на возачите со 116 поени, но ја намали разликата со Фернандо Алонсо на седум поени. Лотус беше тимот кој денес освои најмногу поени во шампионатот на конструкторите, но остана на четвртото место со 157 поени, со Ферари, 180, во третото место.
Кими Раиконен: "Имавме доста добaр последен стинт на трката, но болидите се блиски со перформансите, така што е тешко да се престигнува. Можеби да имав уште неколку круга повеќе ќе помогнеше, но трката е само 60 круга. По мојот прв влез во боксовите бев заглавен зад Мерцедесот некое време, но кога го поминав се беше во најдобар ред. По влегувањето на безбедносното возило тројца бевме во можност да направиме разлика, но перформансите беа изедначени за да се промени редоследот. Ова беше добар ден за тимот. Се разбира, ние сакавме да победиме, но не можевме, но ние освоивме најмногу поени овде. Повисоките температури дефинитивно ни помогнаа, па да се надеваме на уште потопло време во Будимпешта."
Роман Грожан: "По неколку тешки трки, денес се се одвиваше како што треба и беше прилично посебно чуство кога бев во водство на трката. Да се биде повторно на подиумот е е добра работа. Болидот се однесуваше многу добро при првиот стинт на меките гуми и јасно се гледа дека летното време навистина ни одговара. Се надевам дека ќе имаме долго топло лето сега во Европа! Пропуштањето на Кими при крајот на трката беше разумен потег, бидејќи бевме на различни стратегии и тој имаше повеќе шанси да оди на Победа отколку што ги имав јас во тој момент. Ние не знаевме кои гуми ќе бидат најдобри за крајот од трката, па ние не ги ставивме сите наши јајца во една кошница".
КИМИ: САКАВМЕ ДА ПОБЕДИМЕ, НЕМОЖЕВМЕ, НО ОСВОИВМЕ НАЈМНОГУ ПОЕНИ
7/07/2013 08:29:00 PM
0
Share to other apps