Шефовите на Лотус Ф1 во текот на оваа недела ќе разговараат со менаџментот на Кими Раиконен, во обид да ги убедат дека Финецот би требало да остане во тимот и за 2014 година. Сопственикот на овој тим, Жерар Лопез, е свесен дека нема да биде лесно да го убедат Раиконен да потпише нов договор, но тој смета дека Енстоун тимот има адути кои се далеку поатрактивни од Ред Бул.
"Ние го запознавме добро, ние знаеме дека тој сака да биде овде. На нас останува да му докажеме дека тој може да добие силен пакет, што тој го посакува како возач, и мислам дека тој ќе остане. Постои одредена култура за овој тим, која е онаа вистинската. Тоа е истата култура што Кими ја сака. Доколку имавме огромни временски ограничувања врз него, мислам дека тој немаше да ужива во тоа. Тој, досега, не уживал во другите тимови."
"Тој знае дека е добро третиран, како што би го третирале и секој друг возач. Мислам дека тоа е голема разлика, ако тој е тука или некаде на друго место. Овој тим има една култура која е сосема човечка. Некој ми кажа дека за Кими од тој аспект, ова е најдобриот тим. Но, за Кими тркачот, тој мора да одлучи."
НЕДЕЛАВА СЕ РЕШАВА ВОЗАЧКАТА СУДБИНА НА КИМИ РАИКОНЕН
7/09/2013 07:59:00 PM
0
Share to other apps
