Луис Хамилтон за време од само една недела со дијаметрално спротивни изјави, по Британското Гран При веруваше дека може да се бори за Титулата во возачи, за веднаш по Германското Гран При да ги намали своите очекувања, дека веќе не размислува за Титулата, а добро би било ако Победи на некоја трка во оваа сезона.
"Јас, сега, навистина не размислувам за титулата. Како би можел, тоа навистина не би имало смисла." - изјави по трката во неделата.
"Меѓу мене и Мареј само гумите се разликата. За него постојат само тој и рекетот, во Формула 1, сум Јас, електрониката, амортизацијата, ГУМИТЕ... Сите овие нешта се надвор од моја контрола. За Унгарија имаме потполно нови гуми. Ние, само треба да се надеваме и молиме дека тие ќе работат на нашиот болид. Би било добро конечно да победам на некоја трка, но во моментов, чувствувам дека тоа нема да се случи."
Според Луис, само Фернандо Алонсо и Ферари, и покрај некои проблеми со надградбите, имаат шанси да му парираат на Ред Бул.
"Титулата е надвор од дофат за сите ривали на Ветел, освен за Фернандо кој се уште има сила да го направи тоа." - завршува со оваа изјава Хамилтон, која што е пренесена од повеќето Италијански спортски медиуми.
ХАМИЛТОН: САМО АЛОНСО МОЖЕ ДА ГО ЗАПРЕ ВЕТЕЛ
7/09/2013 08:32:00 PM
0
Share to other apps