Довербата на Алонсо во тркачкото темпо на Ферари се покажа како добро основано, како секогаш со супер старт од 9-тата, за само еден круг стигна до петтото место. На крај заврши на одличното второ место, но за него не баш толку од големо фајде, бидејќи повторно пред него беше водечкиот во генералниот пласман на возачи. Второто место го поттикна Шпанецот да изјави дека борбата за Титулите е далеку од завршена. По подолго време, дури од 2009 година, Кими Раиконен не успеа да финишира, причината банална, заштитна фолија од кацигите, влегла во отворот за ладење на кочниците, што предизвикало нивно прегревање.
Мерцедес АМГ болидите не можеа да го повторат успехот од минатата трка, но беа поминати само од Ферари, и изјавија дека биле изненадени од брзината на нивните болиди. Џенсон Батон со Мекларен на шестото место, но според Англичанецот тие не биле доволно храбри при одлуката да ја одберат помалку ризичната стратегија. Малдонадо, повторно предизвика судир, за на крај да изјави дека Адријан Сутил го предизвикал прераниот крај на трката на неговиот тимски колега, Пол ди Реста.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА, СПА-Франкоршамп
44 круга, 308.052км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч23:42.196
2. Фернандо Алонсо Ферари + 16.869
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 27.734
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 29.872
5. Марк Вебер Ред Бул + 33.845
6. Џенсон Батон Мекларен + 40.794
7. Фелипе Маса Ферари + 53.922
8. Роман Грожан Лотус + 55.846
9. Адриан Сутил Форс Индија + 1:09.547
10. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:13.470
11. Серџо Перез Мекларен + 1:21.936
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:26.740
13. Нико Хулкенберг Заубер + 1:28.258
14. Естебан Гутиерез Заубер + 1:40.436
15. Валтери Потас Вилијамс + 1:47.456
16. Гидо ван дер Гард Катерам + 1 круг
17. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
19. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
Најбрз Круг: Себастијан Ветел - 1:50.756
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Пол ди Реста Форс Индија 26
Кими Раиконен Лотус 25
Чарлс Пик Катерам 8
Генерален пласман по 10 поминати трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 197 1. Ред Бул 312
2. Ф.Алонсо 151 2. Мерцедес АМГ 235
3. Л.Хамилтон 139 3. Ферари 218
4. К.Раиконен 134 4. Лотус 187
5. М.Вебер 115 5. Мекларен 65
6. Н.Розберг 96 6. форс Индија 61
7. Ф.Маса 67 7. Торо Росо 25
8. Р.Грожан 53 8. Заубер 7
9. Џ.Батон 47 9. Вилијамс 1
10. П.ди Реста 36
11. А.Сутил 25
12. С.Перез 18
13. Ж.Верн 13
14. Д.Рикардо 12
15. Н.Хулкенберг 7
16. П.Малдонадо 1