Кристијан Хорнер: “Даниел е многу талентиран млад возач, посветен на тимот, со прекрасно однесување, и на крај тој беше многу логичен избор. Тој се приклучи на Ред Бул Џуниор тимот во 2008 и денес стигна до врвот. Тој веќе знае што се очекува од него, да учи брзо. Ова е негова супер шанса, и се надевам дека тој ќе биде голема звезда во иднина.”
Даниел Рикардо: “Се чуствувам многу, многу добро во овој момент. Од приклучувањето во Формула 1 спортот во 2011 година, се надевав на ова, забележав некои добри резултати и Ред Бул реши дека е добро време да ме земат со првиот тим. Од идната сезона ќе бидам во најдобриот тим, и од мене ќе се бараат резултати. Јас сум спремен за тоа. Ќе биде голем предизвик борбата со Себастијан Ветел, за првите места на подиумот.”





