ДОБИТНИЦИ
КИМИ РАИКОНЕН
Назад во врвот на Ф1, таму каде што припаѓа. Ферари е сигурно подобро место да му обезбеди на Раиконен основа од која може да дојде до втората Титула во Формула 1. Тоа е местото каде што ја освои својата прва.
Ф1 и 2014 сезона
Кими VS Фернандо, потребното ривалство за Формула 1 и следната сезона, по и годинешната доминациија на Ред Бул и Себастијан Ветел.
ФЕРАРИ
Назначувањето на Раиконен, како тимски колега на Фернандо Алонсо е еднакво на признание дека нивната традиција на тим со јасно дефинирани број еден возач не е успешна против техничката надмоќ на Ред Бул. Ферари ќе бидат во центарот на вниманието на почетокот на 2014 година со најсилната возачка постава на патеките. Жалоста за Фелипе Маса ќе биде со краток век. Се разбира, Раиконен VS Алонсо, може да биде темпирана бомба, која би можела да биде повторување на Хамилтон VS Алонсо во Мекларен во 2007 година. Но, може да донесе и стабилизирање наместо дестабилизирање.
ЏЕЈМС АЛИСОН
Сега и да имал некакви сомнежи дека го направил вистинскиот потег се отсранети.
СЕГАШНОСТ И ИДНИНА
Во споредба со последните именувања во Ред Бул , Мекларен и Мерцедес, Ферари го отфрли тој тренд и зеде 33-годишен и 32-годишен возач за до 2016 година. Нивните ривали како втор возач имаат возач од помладата генерација, како Рикиардо, Перез и, во помала мера, Хамилтон. Во Ферари ја занемаруваат иднина за да се фокусираат на сегашноста.
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ
Тоа што е лоша вест за Ред Бул, обратно, е добра вест за Ветел, додека неговите најблиски ривали во шампионатот ќе имаат "проблеми" во своите тимови, тој ќе биде број еден возач.
ГУБИТНИЦИ
ФЕЛИПЕ МАСА
Тој ќе го напушти Ферари со крената глава, но секако не по негова одлука. Ферари го направи тоа што требаше да го направи 2009 година.
ФЕРНАНДО АЛОНСО
Па Фернандо, што ќе правиш сега?
Болидот на Ферари за следната сезона нема да се дизајнира специјално за него. Сигурно нема да му се допаѓа споделувањето на статустот број еден возач со Кими. Одговорот на ова прашање, сигурно е, дека тој ќе се насмевне и ќе мора да се носи со тоа. Тој би можел да влијае на неговиот статус преку неговиот спонзор, Сантандер, што би било погрешно, туку тој мора да верува има добра шанса за Титулата со Ферари, како и да верува дека е подобар од Раиконен. Но, тој секако нема да биде премногу среќен.
НИКО ХУЛКЕНБЕРГ
Неговото време никако да дојде, потегот за премин во Заубер се покажа катастрофален, ги нема посакуваните резултати за 2014 и 2013 година. Сега неговата иднина е можеби Лотус. Но, неговото CV со четири различни тимови во последните четири години е биографија без корени.
РЕЗЕРВНИТЕ ВОЗАЧИ НА ФЕРАРИ
Со одбивноста на Раиконен кон off track настаните, и зафатеноста на Алонсо со многубројните спонзори, резервните возачи на Ферари ќе имаат тешка и обемна работа за следната сезона.
РЕД БУЛ
Раиконен и Алонсо ќе биде, на универзална согласност, најсилната возачка постава на патеката. Дуото Ветел-Рикиардо не треба да се потценува, но, освен ако Ферари повторно дизајнира ѓубре од болид, Ред Бул ќе треба да има убедлив, а можеби и значително убедлив болид за конструкторска титула во следната сезона.
БРАЗИЛЦИТЕ ВО Ф1
Пред три години, Фелипе Маса беше еден од тројцата Бразилци во Ф1. Пред четири години, тој беше еден од четворицата. Од тогаш, Рубенс Баричело замина во пензија, Бруно Сена го загуби своето место, а сите го заборавивме Лукас ди Граси.
Потенцијални Бразилци за следната сезона се Луис Рациа, кој оваа сезона немаше среќа, и самиот Маса да се појави во Заубер или Лотус, но поголема е веројатноста дека следната година ќе биде без Бразилец на Ф1 патеките, за прв пат од средината на 60-тите години.
КИМИ ВО ФЕРАРИ: ДОБИТНИЦИ И ЛУЗЕРИ (СПОРЕД СКАЈ Ф1)
9/11/2013 05:17:00 PM
0
Share to other apps