ФИА Формула Е Шампионатот е дизајниран како "Отворено првенство", со што ќе се делува инспиративно на производителите и конструкторите да изградат сопствен целосно електричен болид, но во согласнот со техничките спецификации утврдени од страна на ФИА. Од ФИА се надеваат дека со тоа ќе се создаде првенство со повеќе производители, а конкуренцијата ќе помогне да се надминат границите на технологијата која е во моментов на располагање за електричните возила.
Првиот болид на кој ќе се заснова Инаугуративната сезона е Спарк-Рено СРТ_01Е(Spark-Renault SRT_01E)
СРТ_01Е е првиот болид хомологиран од страна на ФИА. Со помош на најновата технологија, и нула емисија на штетни гасови, Спарк-Рено има за цел да се поместат границите на она што е достапно во моментов во електричниот мотоспорт, да се обезбеди рамнотежа помеѓу ценовната ефикасност и издржливоста, во прилог на справување со барањата на тркањето исклучиво на улични патеки.
Болидот е изграден од страна на новата француската компанија Spark Racing Technology, предводена од познатиот Frédéric Vasseur, заедно со конзорциумот составен од некои од водечките компании во мотоспортот. Италијанската фирма Dallara, со искуство повеќе од 40 години во мотоспортот, ја изработи monocoque шасијата на болидот, која е аеродинамички дизајнирана да помогне при претекнувањата. Направена од јаглеродни влакна и алуминиум, шасијата е супер лесна и неверојатно силна, и е целосно во согласност со 2014 ФИА Crash тестовите, истите кои се користат за тестирање на Формула 1 болидите.
Електричните мотори и електрониката ги обезбедува McLaren Electronics Systems, светски лидер во технологијата за високи перформанси во моторспортот. Во меѓувреме, Williams Advanced Engineering, дел од групацијата Вилијамс, во чиј состав е и Вилијамс Ф1 тимот, ќе го снабдува Формула Е болидот со акумулатори кои ќе произведуваат 200kw, еквивалент на 270КС. Болидот има секвенцијален менувач, обезбеден од страна Hewland.
Рено ја има задачата да ги интерира сите овие системи во една целина. Рено е лидер во производството на електрични возила и експерт во мотоспортот благодарение на Renault Sport Technologies и Renault Sport F1.
Од Мишелин ќе бидат задолжени да изработат специјално дизајнирани издржливи гуми и ќе бида официјален и единствен снадбувач на ФЕ Шампионатот.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.