Очекувано, по гласините во последните неколку дена и објавата на Твитер на Маса дека нема да биде во Ферари во 2014 година. Како потсетување, Раиконен беше последниот возач кој освои титула за Ферари, во далечната 2007 година.
Првите реакции на Кими Раиконен и Фернандо Алонсо:
Финецот го изрази својот ентузијазам за враќањето во Ферари:
"Јас сум среќен што ќе се вратам во Маранело, каде што поминав три сезони со фантастичен успех. Јас имам многу спомени од моето време во Ферари, вклучувајќи ја и Титулата што ја освоив во 2007 година. Со нетрпение очекувам повторно да го возам болидот на Ферари и да ги пронајдам сите луѓе со кои бев многу близок. Исто така, очекувам да соработуваме одлично со Фернандо, за кој мислам дека е одличен возач, и двајцата да обезбедиме успех на тимот што го заслужува."
Фернандо Алонсо, прво ја изрази неговата благодарност до Фелипе Маса:
"Ти посакувам се најдобро за следната година и ќе ми бидеш сериозен ривал. Ти беше одличен тимски колега, а ние имаме уште 7 трки да се забавуваме."
Потоа, тој коментираше за пристигнувањето на неговиот иден партнер, Кими Раиконен:
"Јас би сакал да го поздравам мојот нов тимски колега. Следната сезона ќе се соочиме со значителни технички и физички предизвици."
Стефано Доменикали, за кој верувам дека треба да биде сменет, со реакција: "Сакам да му се заблагодарам на Фелипе од целото мое срце, верувам дека истото го мислат и нашите тифози низ целиот свет, за сите големи работа што ги направи за тимот во последниве години. Фелипе отсекогаш се однесуваше како џентлмен и тимски играч. Генерално, ние имавме тешки и драматични времиња, но исто така и многу убави моменти. Настани кои што создадоа единствена човечка и професионална поврзаност. Тој секогаш ќе биде дел од нашето семејство и јас му посакувам многу среќна иднина. За сега, ние мора да останеме 100 % фокусирани на последните седум трки од шампионатот. Знаеме дека можеме да се потпреме на неговите способност, како и секогаш, за да ги постигнеме сите наши цели. Одиме до самиот крај."
Доменикали за враќањето на Кими Раиконен:
"Сакам да му посакам добредојде назад на Кими, во тимот со кој освои Титула Светски Шампион. Се почувствував многу среќен поради неговото враќање во Маранело и посебно мотивиран да ги постигнеме најдобрите можни резултати при нашата соработка."
ВОЗАЧКИ ПОСТАВИ ЗА 2014 СЕЗОНА
П. ТИМ ВОЗАЧИ
1. РЕД БУЛ СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ДАНИЕЛ РИКИАРДО
2. МЕРЦЕДЕС АМГ ЛУИС ХАМИЛТОН НИКО РОЗБЕРГ
3. ФЕРАРИ ФЕРНАНДО АЛОНСО КИМИ РАИКОНЕН
4. ЛОТУС Н.Хулкенберг РОМАН ГРОЖАН
5. МЕКЛАРЕН ЏЕНСОН БАТОН СЕРЏО ПЕРЕЗ
6. ТОРО РОСО ЖАН-ЕРИК ВЕРН К.Саинц/Ф. да Коста
7. ФОРС ИНДИЈА П.ди Реста Сутил/Магнусен/Бјанки
8. ЗАУБЕР С.СИРОТКИН Бјанки/Маса
9. ВИЛИЈАМС В.БОТАС Малдонадо/Маса/Чекото
10. КАТЕРАМ ЧАРЛС ПИК ван дер Гард/Ковалаинен/Роси
11. МАРУСИЈА МАКС ЧИЛТОН Бјанки/Гонзалез
*италик возачи во игра за возачко место