Спротивно пак, за Луис Хамилтон може да кажеме дека беше "Идиотот" на денот, како што тој се нарече себеси, кој во драматичниот крај на Q2 сесијата не успеа да влезе во Најбрзите 10 болиди, но мора да напоменеме дека беше попречен и од Адријан Сутил.
"Тоа беше генерално навистина лоша квалификациска сесија за мене. Не успеав да извозам нити еден добар круг во Q2. Возев како идиот. Ова е најлошото возење, што сум го прикажал веќе долго, долго време. Жал ми е за тимот. Да, Сутил ми попречи, но тоа и не е толку важно, во секој случај јас требаше да извозам добар круг пред тоа да се случи."
Адријан Сутил заработи три стартни места поназад, откако стјуардите решија дека имало блокирање од негова страна на брзиот круг на Британецот.
Друго изненадување беа болидите на Лотус, кои, исто така, не успеаа да поминат во Q3, а на нивно место се најдоа болидите на Мекларен,кои имаа добри перформанси. Даниел Рикиардо на одличната 7-ма, и Жан-Ерик Верн на 10-тата стартна позиција, покажаа дека на Торо Росо одлично му лежи оваа патека, место каде ја забележаа својата Прва победа во Ф1. Ферари се покажаа на домашен терен, и во најбрзите десет болиди имаме 5 придвижувани од нивните мотори.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:23.755
2. Марк Вебер Ред Бул 1:23.968 + 0.213
3. Нико Хулкенберг Заубер 1:24.065 + 0.310
4. Фелипе Маса Ферари 1:24.132 + 0.377
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:24.142 + 0.387
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.192 + 0.437
7. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:24.209 + 0.454
8. Серџо Перез Мекларен 1:24.502 + 0.747
9. Џенсон Батон Мекларен 1:24.515 + 0.760
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.050 + 4.295
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:23.977 Разлика
11. Кими Раиконен Лотус 1:24.610 + 0.633
12. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.803 + 0.826
13. Роман Грожан Лотус 1:24.848 + 0.871
14. Адријан Сутил Форс Индија 1:24.932 + 0.955
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:25.011 + 1.034
16. Пол ди Реста Форс Индија 1:25.077 + 1.100
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:24.319 Разлика
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:25.226 + 0.907
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.291 + 0.972
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:26.406 + 2.087
20. Чарлс Пик Катерам 1:26.563 + 2.244
21. Жил Бјанки Марусија 1:27.085 + 2.766
22. Макс Чилтон Марусија 1:27.480 + 3.161
107% Време: 1:30.221