Следуваше Фернандо Алонсо со петтото најбрзо време, со минимална предност пред болидите на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон следен од Нико Розберг. Фелипе Маса со осмото најбрзо време, но веќе со над една секунда заостанување зад денес најбрзото време. Бразилецот подоцна во текот на долгите стинтови имаше проблеми со менувач, кој се заглави во третата брзина. Тој не се врати на патеката во финалните 15 минути од тренингот. Мекларените на Џенсон Батон и Серџо Перез ги заокружија најбрзите 10 болиди.
Третиот слободен тренинг е закажан за утре со почеток во 11:00 часот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:24.453 39
2. Марк Вебер Ред Бул 1:25.076 + 0.623 39
3. Кими Раиконен Лотус 1:25.116 + 0.663 36
4. Роман Грожан Лотус 1:25.116 + 0.663 40
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.330 + 0.877 38
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.340 + 0.887 39
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.367 + 0.914 42
8. Фелипе Маса Ферари 1:25.519 + 1.066 29
9. Џенсон Батон Мекларен 1:25.532 + 1.079 42
10. Серџо Перез Мекларен 1:25.627 + 1.174 39
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:25.830 + 1.377 40
12. Естебан Гутиерес Заубер 1:25.888 + 1.435 40
13. Адријан Сутил Форс Индија 1:26.028 + 1.575 37
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:26.138 + 1.685 36
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.224 + 1.771 32
16. Нико Хулкенберг Заубер 1:26.385 + 1.932 43
17. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:26.599 + 2.146 39
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:27.198 + 2.745 44
19. Макс Чилтон Марусија 1:27.548 + 3.095 30
20. Чарлс Пик Катерам 1:27.696 + 3.243 37
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:27.771 + 3.318 38
22. Жил Бјанки Марусија 1:28.057 + 3.604 32