Отпишаните !!!
По последните заминувања на членови на Лотус Ф1, конечно од овој тим успеаа да придобијат некого да потпише за нив, и тоа не било кој туку главниот аеродинамичар од Ферари, Никола Хенел, кој ќе биде засилување на техничкиот оддел во пресрет на следната сезона. Како што знаеме од Лотус во Ферари заминаа Џејмс Алисон, Кими Раиконен и Дирк де Беер, а Лотус го убеди Хенел да замине во спротивната насока.Хенел во Ферари е нешто повеќе од една година, а претходно беше во тимовите на Мекларен и Рено. Според Аутоспорт, иако овој ангажман се уште не е официјално објавен од Лотус Ф1, Хенел ќе започне да работи таму веќе од следниот месец се со цел да биде во можност да се фокусира на 2014 болидот.
Истиот извор потенцира дека Хенел нема да биде единствениот член на Ферари кој ќе го напушти тимот, туку и Роб Смедли, тркачкиот инженер на Фелипе Маса, се очекува да се приклучи на тимот на Вилијамс за 2014 година.