Правилата и прописите за 2014/2015 Формула Е сезоната се уште треба да бидат финализирани, и може да претрпат измени. Еве неколку од поинтересните регулативи, кои не би требало да претрпат големи промени.
Onboard КАМЕРИ
На сите Формула Е болиди ќе им биде дозволено да монтираат onboard камери. Тие ќе се монтираат на следниве позиции: заштитниот рол-бар над возачот, носот на болидот и камери на ниво на погледот на возачот(на кацигата).
ПОЛНЕЊЕ
Полнењето на Формула Е болидот е дозволено во текот на тренингот, квалификациите или трката или во кое било време пред завршувањето на пост-квалификациската или пост-тркачката инспекција на болидот. Полнење е дозволено само во боксовите, со користење на опрема во согласност со ФИА прописите за безбедност.
ВОЗАЧИ
Дваесет возачи, од 10 тимови, ќе се натпреваруваат во 2014/2015 ФИА Формула Е шампионатот. Секој тим има право и на два резервни возачи.
ФИА
Сите аспекти на ФИА Формула Е шампионатот ќе бидат надгледувани од страна на ФИА. При секоја трка, клучните функционери и инспектори ќе ја следат и контролираат работата на стјуардите и маршалите, за да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на настанот во согласност со прописите на ФИА.
ЛИЦЕНЦА
Сите возачи, натпреварувачи и функционери кои учествуваат во шампионатот мора да имаат валидни лиценци, со минимален услов на поседување на ФИА Меѓународна возачка дозвола од Б категорија.
НАГРАДИ
Првите три возачи на секоја трка ќе добијат трофеј, кој ќе биде доделуван на подиумот. Трофеи, исто така, ќе бидат доделени на возачот и тимот кои ќе бидат шампиони на крајот на сезоната. Сите ќе добијат и парични награди.
ТИМОВИ
Десет тимови, секој со двајцата возачи, ќе се натпреваруваат во 2014/2015 ФИА Формула Е шампионатот. За инаугуративната сезона, секој тим ќе има на располагање четири Спарк-Рено СТР_о1Е едноседи, две по возач, и тие ќе бидат транспортирани до и од местото на одржување на секоја трка од страна на Формула Е.
ТЕСТИРАЊЕ
Тимовите и возачите ќе имаат 10 официјални тест дена: шест пред стартот на сезоната, двa во сезона и два по завршување на сезоната. Било какви приватни тест сесии не се дозволени. Дозволено е возење на болидот само за промотивни цели. Тестирањето ќе се состои од три-часовна утринска сесија и три-часовна попладневната сесија (овие сесии може да биде разделени на сесии за да се избегне гужва во сообраќајот).
ТАЈМИНГ
Компанијата Tag Heuer, ќе биде службен тајминг партнер, задолжен за мерење на сите времиња во Формула Е шампинатот.
ГУМИ
Мишелин е официјален добавувач на гуми за Формула Е шампиионатот. Секој возач ќе има на располагање на три сета на гуми, два нови комплети и еден комплет пренесен од претходен тест или трка. Тие мора да траат за време на целиот тркачки настан, тренинг, квалификации и трка.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.