Како што напоменавме денешната Пол позиција на Марк Вебер беше рекордна за Рено. Тоа беше 209 Пол позиција со нивните мотори. Претходниот рекорд од 208 Пол позиции беше поставен од страна на Ферари. Рено се натпреваруваа во Формула 1 од 1977 година и ги снабдуваше тимовите во ерата на V6 турбо,V10 и V8 мотори. До денес, болидите придвижувани со Рено мотори имаат 160 Победи и 11 Конструкторски титули, а седум возачи со помош на нивните мотори освоиле 10 Титули Светски Шампион.
Роб Бела, заменик-генерален директор на Рено Спорт Ф1, изјави: " Не може да се каже дека ова е само број, тоа е извор на огромна гордост за сите во Рено. Од 1977 година ние сме биле во состојба доследно да ги снабдуваме болидите со моќни мотори, демонстрирајќи ја, не само целокупната експертиза во рамките на групацијата, туку и нашата способност да се работи со тимовите за да се создадат брзи болиди. Овој рекорд ни дава уште поголема мотивација, да се задржи нашата стапка на успех, и во ерата на новите 2014 V6 турбо мотори."
ФАКТИ ЗА РЕНО Ф1:
- Се натпреваруваат во Формула 1 од 1977 година, и учествувале на 514 трки до денес. Над 40% од овие трки Рено придвижуваните болиди биле пласирани на првиот стартен ред. Споредено со сегашните производители на мотори, Ферари имаат 23% и 28% Мерцедес.
- Првата Пол позиција беше постигна од страна Жан-Пјер Жабуљу со Рено RS01 во Јужна Африка, 1979 година.
- 50 од 209-те Пол позиции беа освоени со 1,5 V6 литарски турбо мотори, во периодот од 1977-1986 година. 44 беа освоени со 3,5 литарските V10, од 1989-1995 година и 53 со 3,0 литарски V10, кои се возеа во два периода, 1995-1997, а потоа 2002-2005 година. 2,4 литарските V8 мотори, со кои се вози од 2006 година, донесоа 62 стата од првата позиција.
- 8 Светски Шампиони имаат обезбедено Пол позиции со Рено во шампионатот: Прост, Менсел , Сена , Шумахер, Хил, Вилнев, Алонсо и Ветел.
- Себастијан Ветел има освоено 20% од Пол позициите на Рено.
- 6 различни тимови забележале Пол позиции со Рено мотори и тоа Елф Рено, Лотус, Вилијамс, Бенетон, Рено Ф1 и Ред Бул.
- Во 2011 година Ред Бул РБ7 придвижуван од моторите на Рено освои 18 од 19 можни Пол позиции, нов рекорд во Формула 1.
- Рено V8 моторите имаат 62 Пол позиции од 2006 година, а тоа е 44% од сите можни Пол позиции.
- Рено V10 моторите доминираа во `90-тите години. Помеѓу 1992 и 1997 година се забележани 77 Пол позиции, што е речиси 80% успех.
РЕНО ПОСТАВУВА НОВИ Ф1 РЕКОРДИ
10/12/2013 05:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps

