Трката започна со Марк Вебер на пол позицијата, но како и на повеќето трки Австралијанецот немаше добар старт и ја изгуби водечката улога веќе во првата кривина од Роман Грожан, кој имаше перфектен старт. Тој ја искористи и борбата меѓу Ветел и Хамилтон, во која подебелиот крај го извлече Британецот и заврши со дупната гума, а неколку кругови подоцна и целосно се повлече од трката поради "чудното" однесување на болидот, предизвикано од оштетувања на подот.
Во првата половина од трката Грожан беше во можност да ja задржи неговата предност во однос на Вебер и Ветел, а водечкото трио правеше разлика над останатите болиди предводени од Нико Розберг, Фелипе Маса и Фернандо Алонсо. Објективно гледано, може да се каже дека Марк уште на стартот ги изгуби шансите за Победа, дозволувајќи му на Грожан да биде пред него, но се е тоа што би било, кога би било. Од објавувањето на договорот на Кими со Ферари, вториот возач на Лотус ги демонстрира своите квалитети и е единствениот на последните трки што им е трн во окото на Ред Бул, во трки каде тие се очекува да доминираат. На крајот, сепак ја добија својата 1-2 Победа, но Французинот ги натера да работат напорно за тоа.
Фернандо Алонсо со Ферари ја заврши трката на 4-тото место, најдоброто што можеше да го извлече од денешната трка, на која не можеше да го помине неговиот тимски колега во почетокот, што резултираше со губење на една позиција од Хулкенберг при првиот Пит стоп, но потоа Шпанецот ги покажа своите возачки квалитети поминувајќи го Зауберот на патеката, кој потоа го загуби и петтото место од страна на Кими Раиконен кој имаше совршено изведено претекнување во претпоследниот круг. Естебан Гутиерез ја потврди добрата форма на Заубер со освојување на првите бодови во својата Ф1 кариера.
Битката за титулите во двете конкуренции веќе неколку трки е завршена, а останува да го следиме дуелот за второто место во конструктори помеѓу Ферари и Мерцедес АМГ, во која Италијанскиот тим има 10 поени предност. Ф1 караванот продолжува со трката за Големата Награда на Индија за две недели, на 25-27 Октомври.
ЈАПОНИЈА ГРАН ПРИ, СУЗУКА;
53 круга, 307.471 км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч37:06.500
2. Марк Вебер Ред Бул + 7.100
3. Роман Грожан Лотус + 9.900
4. Фернандо Алонсо Ферари + 45.600
5. Кими Раиконен Лотус + 47.300
6. Нико Хулкенберг Заубер + 51.600
7. Естебан Гутиерес Заубер + 1:11.600
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:12.000
9. Џенсон Батон Мекларен + 1:20.800
10. Фелипе Маса Ферари + 1:29.200
11. Пол ди Реста Форс Индија + 1:38.500
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1 круг
13. Даниел Рикирадо Торо Росо 1 круг
14. Адријан Сутил Форс Индија 1 круг
15. Серџо Перез Мекларен 1 круг
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1 круг
17. Валтери Ботас Вилијамс 1 круг
18. Чарлс Пик Катерам 1 круг
19. Макс Чилтон Марусија 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Марк Вебер 1:34.587
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 9
Гидо ван дер Гард Катерам 1
Жил Бјанки Марусија 1
ПЛАСМАН ПО 15 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 297 1. Ред Бул 445
2. Ф.Алонсо 207 2. Ферари 297
3. К.Раиконен 177 3. Мерцедес АМГ 287
4. Л.Хамилтон 161 4. Лотус 264
5. М.Вебер 148 5. Мекларен 83
6. Н.Розберг 126 6. Форс Индија 62
7. Ф.Маса 90 7. Заубер 55
8. Р.Грожан 87 8. Торо Росо 31
9. Џ.Батон 60 9. Вилијамс 1
10. Н.Хулкенберг 49
11. П.Ди Реста 36
12. А.Сутил 26
13. С.Перез 23
14. Д.Рикиардо 18
15. Ж.Верн 13
16. Е.Гутиерез 6
17. П.Малдонадо 1


