Од тимот на Мекларен денес го потврдија првиот голем чекор од многуте најавени за враќање кон Победничките денови, а тоа е потпишување договор со Питер Продрому, главниот шеф на аеродинамика во тимот на Ред Бул. Тој работи заедно со Адријан Њуи во Ред Бул од 2006 година, а се согласил да се приклучи на Мекларен кога неговиот сегашен договор истекува на крајот од следната година.
Џонатан Нил, извршниот директор на Мекларен, вели дека следат и дополнителни засилувања: "Да, ние го придобивме Питер. Ние сме навистина возбудени што тој се приклучи на тимот. Но, тоа не е единствената работа што ја направивме во текот на оваа година, а исто така, постојат и некои други работи кои што се прават за зајакнување на нашиот тим."
"Тоа ќе биде серија на потези до 2015 година кога продолжуваме со моторните единици на Хонда. Треба да бидеме сигурни дека овој тим ќе остане на врвот од Формула 1 и ќе се врати на победничките денови. Оваа сезона на момците им е тешко поради резултатите што ги постигнуваме, иако прават голема работа во тимот, но секако немаме намера да останеме на овие позиции многу долго."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.

