"Навистина сум задоволен со начинот на кој поминаа денешните сесии. Имаме некои подобрувања што можеме да ги направиме, но се на се болидот се однесуваше добро. Ова е, всушност, прв пат да почувствувам дека тренинзите поминале добро, барем колку што можам да се сетам. Болидот се однесува одлично на оваа патека. Изгледа како да сме конкурентни."
Себастијан Ветел, неговиот најблизок конкурент мисли дека постои одреден простор за подобрување на нивното темпо: "Ќе биде тесно со Мерцедес АМГ, се разбира, ние не сме сигурни во количината на гориво во другите болиди, но се чини дека ќе имаме блиска борба на утрешните квалификации. Ми се допаѓа оваа патека, штета што е толку далеку од Сеул, кој е голем град, но од друга страна атмосферата е потивка отколку на некои други трки, што значи дека ние може да се фокусираме на нашата работа."
Двете тренинг сесии се одржаа на топло и суво време со температури околу 24 степени целзиусови. Сепак, за остатокот од викендот, се предвидуваат променливи временски услови, што би можело да доведе до влажна трка во неделата. А во Ферари на дождот гледаа како фактор кој може да промени многу:
"Прогнозата за недела е дожд, но сега за сега патеката Јеонгам е исполнета во сонце и температура е 20 степени. Фелипе Маса на втората сесија заврши на петтото место со време од 1.39.114, додека Фернандо Алонсо беше седми во 1.39.444. Резултатите се надежни, но тие не би значеле ништо, ако навистина дождот пристигне во недела."
Лотус е последен од најбрзите четири тимови кој може да направи нешто повеќе во Кореја. Роман Грожан го заврши првиот ден со шестото, додека неговиот тимски колега Кими Раиконен го забележа осмото најбрзо време. Механичарите на Кими имаа доста работа за да го поправат неговиот E21 по екскурзијата во бариерите на крајот на првата тренинг сесија. Кими не е повреден во инцидентот, но штетата предизвикана на болидот беше позначителна.
Кими изјави дека болидот се однесува прилично добро, особено на долгите стинтови: "Очигледно, не помогна фактот што утрово уништив дел од болидот, можеби ми снема талент во тој момент! Штетата не беше преголема и болидот беше спремен за вториот тренинг. Момците направија добра работа и успеавме да ја завршиме планираната програма за денес. Болидот се однесува прилично добро, особено на долгите стинтови, а тоа е добра вест за трката. На кратки стинтови, не е се како што посакувам, но ние се уште имаме малку време за да направиме некои подобрувања и на тој план."
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.630 20
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.667 + 0.037 20
3. Марк Вебер Ред Бул 1:39.816 + 0.186 19
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.117 + 0.487 20
5. Џенсон Батон Мекларен 1:40.215 + 0.585 22
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:40.374 + 0.744 18
7. Роман Грожан Лотус 1:40.396 + 0.766 19
8. Кими Раиконен Лотус 1:40.677 + 1.047 15
9. Серџо Перез Мекларен 1:40.860 + 1.230 20
10. Фелипе Маса Ферари 1:40.880 + 1.250 13
11. Нико Хулкенберг Заубер 1:40.899 + 1.269 20
12. Адријан Сутил Форс Индија 1:41.432 + 1.802 18
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:41.482 + 1.852 22
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:41.626 + 1.996 21
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:41.924 + 2.294 19
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:42.002 + 2.372 20
17. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:42.043 + 2.413 18
18. Џејмс Каладо Форс Индија 1:43.008 + 3.378 21
19. Чарлс Пик Катерам 1:43.660 + 4.030 20
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:43.883 + 4.253 19
21. Макс Чилтон Марусија 1:44.100 + 4.470 14
22. Родолфо Гонзалес Марусија 1:46.810 + 7.180 10
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:38.673 31
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:38.781 + 0.108 30
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.797 + 0.124 32
4. Марк Вебер Ред Бул 1:38.844 + 0.171 35
5. Фелипе Маса Ферари 1:39.114 + 0.441 30
6. Роман Грожан Лотус 1:39.226 + 0.553 34
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:39.444 + 0.771 31
8. Кими Раиконен Лотус 1:39.757 + 1.084 33
9. Џенсон Батон Мекларен 1:39.774 + 1.101 29
10. Адријан Сутил Форс Индија 1:40.006 + 1.333 34
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:40.007 + 1.334 34
12. Серџо Перез Мекларен 1:40.152 + 1.479 31
13. Естебан Гутиерес Заубер 1:40.186 + 1.513 33
14. Нико Хулкенберг Заубер 1:40.210 + 1.537 34
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.446 + 1.773 30
16. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:40.552 + 1.879 26
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:41.117 + 2.444 35
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.289 + 2.616 34
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:42.461 + 3.788 36
20. Чарлс Пик Катерам 1:42.798 + 4.125 35
21. Жил Бјанки Марусија 1:43.108 + 4.435 31
22. Макс Чилтон Марусија 1:43.441 + 4.768 29