Јеонгам е 68-ма патека во историјата на Формула 1, и оваа ќе биде само четвртата трка во нејзината историја, т.е. е во фаза на создавање на својата Ф1 статистика. Како прв победник и поставен Најбрз Круг засекогаш во историјата ќе остане запаметен Фернандо Алонсо со Ферари. Првата Пол Позиција ја имаше Себастијан Ветел.
Патеката ја сочинуваат три различни сектори, од кои првиот сектор има долг правец и силна завршна зона на кочење, вториот сектор изобилува со долги, но и остри кривини, а третиот сектор наликува на улична трка меѓу бетонски ѕидови. Престигнувањето е возможно во зоните на силно кочење. Корејското Гранд При е најголемиот спортски настан што се одржува во Јужна Кореја со капацитет од 135.000 места.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел е Победник на изминатите две трки на Јеонгам патеката, и пропушти можна победа во 2010 година поради проблеми со моторот. Тој во 2010 година се квалификуваше на Пол позицијата, а останатите два пати статува како втор.
• Марк Вебер минатата година ја освои Пол позицијата, но трката ја заврши на второ место, но и тоа е подобрување во однос на својата прва завршена трка во Кореја , кога беше трет. На првата трка, исто како и Себастијан Ветел, не ја заврши трката, но тој поради извртување на патеката.
• Фернандо Алонсо како што напоменавме е возач кој со старт од третата позиција успеа да ја забележи инаугуративната Победа на оваа патека одржана во 2010 година. Од тогаш има едно 5-то и 3-то место од минатата година. Шпанецот се нема квалификувано на првиот стартен ред.
• Фелипе Маса нема се квалификувал досега два пати на шестата, 2010 и 2012 година и еднаш на петтата позиција во 2011 година. Најдобар резултат, и единствен пласман на Подиумот, му е третото место на првата трка во 2010 година.
• Џенсон Батон нема добри настапи во Кореја, и имаше само една успешна трка 2011 година, кога се квалификуваше на третата стартна позиција, за трката да ја заврши на 4-тото место.
• Серџо Перез нема пласман во Топ 10 во двете негови трки на оваа патека.
• Кими Раиконен минатата година беше дебитант на оваа патека, се квалификуваше на 5-тата позиција, и ја заврши трката на 5-то место.
• Роман Грожан е уште еден дебитант од минатата година, се квалификуваше на 7-тата позиција, и ја заврши трката на 7-то место.
• Нико Розберг од три старта не успеа да завши две трки, без позначителни успеси на Квалификациите, само една 5-та позиција во 2011 година, кога и ја заврши единствената трка до сега, но само на осмо место.
• Луис Хамилтон е возачот со најмногу втори места на оваа патека, и тоа во 2010 и 2011 година. Во 2011 година ја освои Пол позицијата. Минатата година имаше изненадувачки слаба трка и на крај стигна до последниот бод со пласман на 10-тото место.
• Нико Хулкенберг беше 10-ти пред две години. Минатата година, имаше доста добра трка, и по две претекнувања на Роман Грожан заврши на шестото место.
• Пол ди Реста својот најдобар резултат во Кореја го има со 9-тата стартна позиција во 2011 година, кога трката ја заврши на 10-то место.
• Адријан Сутил од две стартувани трки, едната ја заврши пред да стигне до целта, во 2010, поради судир, а во 2011 година заврши на 11-тото место. Минатата година паузираше од Формула 1.
• Пастор Малдонадо минатата година се квалификуваше на 15-тата стартна позиција, но трката ја заврши на 14-то место, што е неговиот единствен и најдобар финиш во Кореја. Трката во 2011 година не ја заврши поради проблеми со моторот.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 16-ти најбрз возач, а трката ја заврши на одличното 8 место.
• Даниел Рикиардо има два настапи на Јеонгам, 2011 година со болидот на ХРТ се квалификуваше на 24-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 19-то место, за минатата година со Торо Росо да се квалификува на 21-та стартна позиција, и трката ја заврши на 9-то место. Неговите први бодови во Сингапур.
• Чарлс Пик во своето деби на Кореја ГП со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 24-та позиција, но во трката напредуваше и заврши на 19-тото место.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Макс Чилтон, Жил Бјанки, Гидо ван дер Гард се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул има четири подиуми од можни шест во Кореја, со Ветел како победик на последните две трки. Од 2010 година имаат пет старта од првиот ред, вклучувајќи ги и еден-два пласманот во 2010 и 2012 година. Четвртата стартна позиција е најлошата за нив, освоена во 2011 година со Марк Вебер. Тие се единствениот тим со две Победи, две Пол позиции и два Најбрзи круга на оваа патека. Апсолутна доминација во трите одржани трки за Кореја ГП-то.
• Ферари има три подиуми во Кореја, вклучувајќи ја Победата на Алонсо на инаугуративната трка во 2010 година, и двете трети места, на Фелипе Маса во 2010 и Алонсо на минатогодишната трка.
• Мекларен ја има Пол позицијата во 2011 година благодарение на Хамилтон, и имаат две втори места со него во 2010 и 2011 година.
• Останатите тимови не фигурираа во статистиката за Кореја гп, освен во табелата на освоени поени, каде Ферари е на првото место, иако Ред Бул има две Победи тука: Ферари 85, Ред Бул 83, Мекларен 49, Лотус(+Рено) 26, Форс Индија 17, Мерцедес 16, Торо Росо 14, Вилијамс 7, БМВ Заубер 6
2013 КОРЕЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
10/04/2013 06:56:00 PM
0
Share to other apps