Не стивнуваат коментарите околу користење на наводна контрола на тракцијата од страна на тимот на Ред Бул. Некој мисли дека мора да има нешто сомнително, како Луис Хамилтон, додека Фернандо Алонсо, вели дека се е легално на РБ9.
Луис Хамилтон: "Ако ги погледнеме onboard снимките, Ветел е на полна гас најмалку 20 метри пред сите останати, што е огромна предност. Нема ништо што навистина може да направиме. Ние секогаш бараме повеќе заден downforce и секогаш сакаме да ја имаме целосната сила на моторот што е можно порано. Но, последен пат, јас бев во можност да притискам на педалата за гас толку брзо во 2007 година, кога имавме контрола на тракцијата."
MKФ1: Класичен пример за погрешно размислување од страна на Британецот, кое не може да донесе напредок на тимот, однапред предавање и признавање на поразот. За разлика од него размислувањето на Алонсо може да донесе поттик, мотивација во тимот на Ферари, која и тоа како им е потребна.
Фернандо Алосно: "Rазличниот звук од моторите на Ред Бул е присутна за време на целата тековна сезона. Точно е дека во Сингапур тој звук беше повеќе од очигледен, бидејќи тоа е улична патека и луѓето се поблиску до патеката. Но, ако се навратиме на предсезонските тест сесии во Барселона, во кривините, Ред Бул и тогаш имаше поинаков звук. Така да, тие користат нешто различно во споредба со другите тимови, но тоа е нешто што е сосема во ред, т.е. легално. Ако сакаме да ги стигнеме, ние треба да направиме подобра работа и да го зголемиме потенцијалот на болидот."
МКФ1: Спротивно на оние возачи кои имаа обезбедено возачко место за следната сезона, оние кои немаат, како Фелипе Маса, се фокусирани на својата иднина во Формула шампионатот.
Фелипе Маса: "Имам разговори со неколку тимови и ми се чини дека имам некои добри можности, но сега за сега јас сум сконцентриран на последните трки и ние ќе кажеме нешто кога ќе дојде вистинскиот момент. Јас сум прилично оптимист дека ние може да најдеме добро решение, но сакам болид кој ми дава можност да се борам за добри резултати во трките, инаку јас не сум заинтересиран."
ХАМИЛТОН МИСЛИ ДЕКА ИМА НЕШТО СОМНИТЕЛНО, АЛОНСО ДЕКА СЕ Е ЛЕГАЛНО НА БОЛИДОТ НА РЕД БУЛ, А НЕКОЈ СИ БАРА ВОЗАЧКО МЕСТО ЗА 2014 СЕЗОНАТА
10/04/2013 12:10:00 AM
0
Share to other apps