Марк Вебер го зголеми вкупниот број на Пол позиции остварени со моторите на Рено на 209, што е нов рекорд за најмногу пол-позиции кој досега го држеше Ферари.
На почетокот на Q1 фаворитите главно ги користеа тврдите гуми, а на три минути до крајот имавме црвено знаме, поради малиот пожар на болидот на Жан-Ерик Верн предизвикан од прегреаните задни сопирачки. По рестартот на сесијата, Роман Грожан го постави најбрзиот круг на тврдите гуми, за разлика од многу возачи кои ги користеа медиум гумите. Адријан Сутил, е возачот кој изненади со испаѓањето во оваа прва сесија, плус има казна од пет стартни места наназад по промената на неговиот менувач како последица на инцидентот од саботниот тренинг.
Макс Чилтон од Марусија го имаше својот најдобар настап на квалификациите во неговата Ф1 кариера, и ги победи двата болиди на Катерам, како и неговиот тимски колега Жил Бјанки. Чарлс Пик и Жил Бјанки имаат казна од 10 стартни места наназад по заработените трети укори на Корејското ГП, па би требало да го делат последниот ред.
Возачите кои поминаа во Q2 применија различни стратегии, Грожан и Раиконен стартуваа на тврдите гуми, додека двата болиди на Ред Бул имаа само едно излегување на медиум гумите на шест минути пред истекот на втората сесија, и тоа им беше доволно да го забележат првото и второто најбрзо време, со Ветел пред Вебер. Грожан го забележа третото најбрзо време по финалниот круг на медиум гумите.
Битката во Q3 беше водена главно на медиум гумите, а Џенсон Батон беше единствениот што квалификациите ги заврши на тврдите гуми. При првите брзи кругови Вебер го постави најдоброто време, кое подоцна го подобри и остана најбрз ос сите останати. Себастијан Ветел и покрај тоа што возеше без КЕРС го обезбеди првиот стартен ред за Ред Бул за стартот на утрешната трка.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Марк Вебер Ред Бул 1:30.915
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:31.089 + 0.174
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.253 + 0.338
4. Роман Грожан Лотус 1:31.365 + 0.450
5. Фелипе Маса Ферари 1:31.378 + 0.463
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:31.397 + 0.482
7. Нико Хулкенберг Заубер 1:31.644 + 0.729
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:31.665 + 0.750
9. Кими Раиконен Лотус 1:31.684 + 0.769
10. Џенсон Батон Мекларен 1:31.827 + 0.912
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.569 Разлика
11. Серџо Перез Мекларен 1:31.989 + 0.699
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:31.992 + 0.702
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:32.013 + 0.723
14. Естебан Гутиерез Заубер 1:32.063 + 0.773
15. Пастор Малдонадо Вилјамс 1:32.093 + 0.803
16. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:32.485 + 1.195
Q1 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:38.341 Разлика
17. Адријан Сутил Форс Индија 1:32.890 + 1.066
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.357 + 1.533
19. Макс Чилтон Марусија 1:34.320 + 2.496
20. Чарлс Пик Катерам 1:34.556 + 2.732
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:34.879 + 3.055
22. Жил Бјанки Марусија 1:34.958 + 3.134
107% Време: 1:45.224

