Во свoјата 24 годишна историја како место каде се одржуваат Формула 1 трки, на Сузука се решавале Tитулите Светски Шампион, а тоа може да биде случај и оваа сезона.
Сузука е една од класичните трки во Ф1 календарот, на која имаме брзи кривини распоредени во уникатен облик. Во теорија треба да одговара на болидите на Ред Бул. Престигнувањето е ограничено, но сепак е можно. Силното кочење во финалната кривина ја нуди најдобрата можност за претекнување, кое е можно и во првиот свиок доколку водечкиот болид направи грешка.
Најспектакуларно претекнување во поновата историја беше во 2005 година, кога Фернандо Алонсо успеа да го престигне Михаел Шумахер од надворешната страна, но такво херојство тешко да се повтори. Седумкратниот Шампион е возачот со најмногу Победи, 6, а од тековните возачи, тоа е, кој друг ако не, Себастијан Ветел со 3 Победи.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел стартуваше од Пол позицијата во сите четири негови трки на Сузука и е Победник на три од нив. Единствениот пат кога тој не Победи беше во 2011 година, кога трето место му беше доволно да освои втората Титула Светски Шамион. Тој бил во водство на 75% од вкупниот број на извозени кругови, т.е. 164 од 212, на изминатите четири Јапонски Гран При-ја. Нема други возачи во историјата со толку висок процент на кругови во водство. Себ може да стане Светски Шампион по четврти пат, но тоа е потешко остварливо, бидејќи Фернандо Алонсо треба да има катастрофална трка и да не се плсира повисоко од деветтото место.
• Марк Вебер за разлика од својот сегашен тимски колега, не може да се пофали со добри резултати на Сузука, а негов најдобар резултат е второто место во 2010 година, и единствениот пласман на подиумот на оваа патека. Минатата година, тој беше удрен од страна на Роман Грожан по стартот, но сепак успеа да освои поени. Ни неговите квалификациски перформанси не се особено импресивни, бидејќи од 2006 година секогаш е победуван од тимскиот колега. Бил во водство на само еден круг на Сузука, и тоа кога Ветел го направи својот пит-стоп во 2010 година.
• Фернандо Алонсо забележа клучна Победа во 2006 година, но нема останати добри резултати. Има уште два други подиуми со Ферари, 2010 и 2011 година. Минатата година тој беше надвор од трката по првата кривина и судирот со Раиконен, кога заврши со дупната лева задна гума. Тој ден тој го загуби водството во шампионатот и, до денес, никогаш не беше во можност да го поврати назад. Никогаш не се квалификувал на првиот стартен ред на Сузука.
• Фелипе Маса има 9 стартувани трки, три со Заубер и шест со Ферари, и досега само еднаш има освоено Пол позиција во првата негова година со Ферари, 2006 година, и има два Пласмани на Подиумот со второто место со 2006 и 2012 година.
• Џенсон Батон е Победник од 2011 година, со старт од третата позиција. При првиот пит-стоп го надмудри Луис Хамилтон, а при вториот Себастијан Ветел. Тој исто така има Пласман на подиумот во 2004 година со третото место, и секогаш освојува поени во Сузука во последните четири години. Батон е возачот со најмногу, 13, настапи на Јапонското ГП, и ги завршил сите трки, освен една во 2007 година поради проблеми со амортизацијата.
• Серџо Перез има два настапи на Сузука, 2011 година, кога со старт од 17-тата позиција, успеа да ја заврши трката на 8-то место, а минатата година, се квалификуваше на одличната 5-та стартна позиција, но не успеа да ја финишира трката по извртувањето на патеката во моменти кога беше на 7-мо место.
• Кими Раиконен е возачот со најдобриот кам-бек во историјата на Сузука, кога во 2005 година тој Победи на трката и покрај што ја започна од 17-тата позиција, минувајќи го Физикела од надворешната страна на првата кривина по почетокот на финалниот круг. Тој има уште четири подиуми во 2002, 2003, 2007 и 2008 година(1 второ и 3 трети места). Со исклучок на неговата пауза, тој финишира во Топ 10 пласман секоја сезона од 2002 година, единствено не ја заврши трката на своето деби во 2001 година со болидот на Заубер. Но, како и неговиот иден тимски колега Алонсо, тој никогаш не се квалификувал на првиот стартен ред во Сузука.
• Роман Грожан никогаш не освоил поени во Сузука, но беше одлучувачки фактор во двете негови трки на оваа патека. Во 2009 година, се најде помеѓу лидерот Ветел и останатите болиди при излегувањето на безбедносното возило, помагајќи му на Германецот да има успешен рестарт на трката. Минатата година тој го исфрли од игра Марк Вебер, единствениот кој можеше да го загрози Себастијан Ветел.
• Нико Розберг од седум старта не успеа да завши три трки во Сузука, во 2007, 2010 и 2012 година. Нема позначителни успеси на Квалификациите, само една 6-та позиција во 2010 година. Негов најдобар резултат е 5-тото место од 2005 година со болидот на Вилијамс.
• Луис Хамилтон има само еден Пласман на Подиумот со третото место во 2009 година, за потоа да следат три последователни години на 5-тото место. Тој секогаш се квалификувал во Најбрзите 10 возачи, никогаш не стартувал од првиот ред на Сузука, но има две Пол позиции на патеката Фуџи во 2007 и 2008 година. Сузука е една од двете патеки од тековниот календар каде што тој никогаш не стартувал од предниот ред, другата е патеката во Индија.
• Нико Хулкенберг има две стартувани трки за Јапонското ГП, една во 2010 година со болдот на Вилијамс, беше 9-то најбрз на квалификациите, но не ја финишира трката поради судир. Минатата година, со болидот на Форс Индија имаше доста добра трка, која ја заврши на седмото место.
• Пол ди Реста во своите две трки на Сузука нема пласман во Топ 10, нити во квалификациите, нити во трката. Двете ги заврши на 12-то место.
• Адријан Сутил од 5 стартувани трки, две ги заврши пред да стигне до целта, во 2008 година поради дупната гума, и во 2010, поради проблеми со маслотово болидот. Минатата година паузираше од Формула 1.
• Пастор Малдонадо минатата година се квалификуваше на 12-тата стартна позиција, но трката ја заврши на 8-то место, што е неговиот најдобар финиш во Јапонија.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 19-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 13 место.
• Даниел Рикиардо има два настапи на Сузука, 2011 година со болидот на ХРТ се квалификуваше на 22-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 22-то место, за минатата година со Торо Росо да се квалификува на 14-та стартна позиција, и трката ја заврши на 10-то место. Неговиот прв бод во Јапонија.
• Чарлс Пик во своето деби на Јапонското ГП со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 21-та позиција, а трката не успеа да ја финишира поради проблеми со моторот, во момент кога беше 20-ти на патеката.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Макс Чилтон, Жил Бјанки, Гидо ван дер Гард се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул е тимот кој доминира на последните четири трки за Јапонското Гран При, со 4 Пол позиции и 3 Победи, благодарение на Себастијан Ветел. Имаат 5 Пласмани на Подиум, 3 Најбрзи Круга, 6 пласмани на Првиот стартен ред.
• Мекларен е тимот со најмногу Победи на Јапонското Гран При, 9, имаат 6 Пол позиции, 25 Пласмани на Подиум, 8 Најбрзи Круга, 18 пласмани на Првиот стартен ред.
• Ферари е тимот со најмногу освоени Пол позиции, 9, и имаат 7 Победи(на Сузука толку има и Мекларен). Останатите статистички податоци велат: 21 Пласман на Подиум, 5 Најбрзи Круга, 15 пласманi на Првиот стартен ред. Ферари, како и Мекларен, живеат на стара слава, за разлика од Ред Бул, кој е тимот што треба да се Победи на последните 4 трки во Јапонија.
• Вилијамс и Лотус се останатите тековни тимови кои имаат забележано Победи во Јапонија и тоа идентичен број по 3 први места. Вилијамс ги забележа во своите подобри денови, т.е. 90-те години. Тимот на Лотус има две победи како Рено, во 2006 и 2008 година, и како Лотус во далечната 1976 година, благодарение на Марио Андрети. Е сега се поставува прашање кој колку е Лотус, а колку Рено. Тимови кои го менуваат своето име, немаат стабилна традиција, но и иднина.
• Останатите тимови не фигурираат во статистиката за Јапонското ГП, освен во табелата на освоени поени, каде Мекларен е на првото место, а Ферари на второто, а Ред Бул со забрзани чекори ги загрозува двата тимови: Мекларен 252, Ферари 219, Ред Бул 116, Вилијамс 110, Лотус(+Рено) 96, Заубер 48, Мерцедес 17, Форс Индија 6, Торо Росо 5.
2013 ЈАПОНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
10/11/2013 02:58:00 PM
0
Share to other apps

