На Германецот му беше потребен само еден круг, неговиот прв во Q3 за да го постави најбрзото време, а останатите возачи, особено тимскиот колега, Марк Вебер и Луис Хамилтон ни во вториот брз круг не успеаа да го победат. За разлика од минатата трка овој пат, Ветел, не седеше во гаражата, туку излезе на патеката, но при вториот обид налета на гужва на патеката, па мораше да се врати во боксовите. Овој резултатот е од особено значење за Рено, бидејќи ова беше нивната 208 Пол позиција, со тоа изедначувајќи го досегашниот рекорд на Ферари. Во следните трки имаат големи шанси да бидат сами на врвот.
Себастијан Ветел, изјави: "Денес имавме блиска борба. Во мојот прв обид во Q3 имав многу добар круг и мислев дека ќе биде тешко да го подобрам. При мојот втор обид налетав на Кими кој беше на загревачкиот круг, но за среќа првиот круг беше доволно добар. Мерцедес беа силни во средниот сектор, а ние на наше изненадување сме добри во првиот сектор, каде има најмногу правци. Болидот беше подобар од вчера, па трката треба да биде во ред, независно дали ќе имаме сува или влажна патека. Но, ајде да видиме што ќе се случува".
Луис Хамилтон беше најблиску до најбрзото време, но иако се подобри при вториот круг сепак заврши за 0.218 секунди за Ветел: "Секогаш мора се гледа напред, но ние направивме добра работа, колку што можевме и го извлековме максимумот од болидот. Тоа беа добри квалификации за нас и се надевам дека утре ќе бидеме во можност да се бориме со болидите на Ред Бул. Но, да не заборавиме, на стартот ќе имаме закани од сите болиди околу нас. Се надеваме на добра трка."
Марк Вебер, тимскиот колега на Себ, на крајот заостана за 0.262 секунди и мораше да се задоволи со третото најбрзо време. Но, иако беше трет најбрз, тој ќе стартува од 13-тата позиција откако ќе се примени неговата казна од 10 места поназад, добиена како резултат на третиот укор, кој го доби на минатата трка. Тоа ќе го промовира Роман Грожан на третата стартна позиција, давајќи му можност да го искористи тркачкото темпо на својот болид на утрешната трка. За разлика од него, Кими Раиконен, по потпишувањето на договорот со Ферари, редовно се пласира далеку зад Французинот, и го имаше само 10-тото најбрзо време.
Нико Розберг го имаше 5-то најбрзо време, пред дуото на Ферари, Алонсо со шесто, Маса со седмо најбрзо време. Ферари веќе не успеваат да влезат ни во најбрзите 5 болиди, за разлика од Заубер кој на последните две трки ја подобрува својата форма и повторно успеа да влезе со двата свои болиди во Топ 10, Нико Хулкенберг пред Естебан Гутиерез. Луис Хамилтон денес со време доволно само за петтата стартна позиција. Фелипе Маса и покрај не баш сјајните настапи за време на тренинзите, успеа да биде пред својот тимски колега Фернандо Алонсо, на 6-тата и 7-мата позиција. Шпанецот повторно на висока стартна позиција, болидот на Ферари повторно беше неконкурентен, а ако ова се пренесе и на утрешната трка, од Италијанскиот тим може да се збогуваат со Титулата во возачи, ако и до сега го немаа направено тоа.
За утрешната трка која ќе стартува во 8 часот по македонско време, најголема варијабла е времете, а поројни врнежи се прогнозирани за саботната вечер и недела наутро. За време на одржување на трката се прогнозира суво време, со температури кои се очекува да бидат пониски од досегашните. Со тоа, тајфунот кој се закануваше, најверојатно ќе го избегне Јенонгам."
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.202
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.420 + 0.218
3. Марк Вебер Ред Бул 1:37.464 + 0.262
4. Роман Грожан Лотус 1:37.531 + 0.329
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.679 + 0.477
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.038 + 0.836
7. Фелипе Маса Ферари 1:38.223 + 1.021
8. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.237 + 1.035
9. Естебан Гутиерес Заубер 1:38.405 + 1.203
10. Кими Раиконен Лотус 1:38.822 + 1.620
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.569 Разлика
11. Серџо Перез Мекларен 1:38.362 + 0.793
12. Џенсон Батон Мекларен 1:38.365 + 0.796
13. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:38.417 + 0.848
14. Адријан Сутил Форс Индија 1:38.431 + 0.862
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.718 + 1.149
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.781 + 1.212
Q1 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:38.341 Разлика
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.470 + 1.129
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.987 + 1.646
19. Чарлс Пик Катерам 1:40.864 + 2.523
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.871 + 2.530
21. Жил Бјанки Марусија 1:41.169 + 2.828
22. Макс Чилтон Марусија 1:41.322 + 2.981
107% Време: 1:45.224

