Од тимот на Лотус, најпрво изразија сочуство за прераната смрт на Марија де Вилота: "Утринава примивме вест која длабоко не растажи. Целиот тим тука во Јапонија и дома во Енстоун, сочувствува со пријателите, семејството и колегите на Марија. Нашите мисли се со нив во оваа тешко време."
Денешниот ден на Сузука со топло време и чисто сино небо го каратеризираа голем број екскурзии надвор од патеката, а меѓу нив беше и Кими Раиконен, кој по извртувањето ја заврши втората тренинг сесија заглавен во чакалот при седмата кривина. Сепак, Финецот го постави четвртото најбрзо време, а Роман Грожан веднашз ад него со петото најбрзо време на првиот ден од Јапонското ГП.
Во тимот на Лотус оптимизам од брзината на медиум гумите, па очекуваат да се квалификуваат на добри позиции. Исто така, нивното темпо на долгите стинтови изгледа добро, што е охрабрувачки почеток на викендот за нив.
Кими Раиконен: "Болидот е прилично добар. Се разбира, постојат некои области каде можеме да го подобриме, но јас сум прилично среќен со напредокот што ние го направивме. Со моето извртување на патеката во СТ2, ние останавме покуси за одредени симулации на долги стинтови. Бев во брз круг и ветрот се промени, а тоа влијае на болидот понекогаш. Барем ние немавме никаква штета, па механичарите нема да има дополнителна работа. Тоа не е голема драма, бидејќи патеката ја познаваме прилично добро. Имаме неколку промени за утре, па ајде да видиме што ќе се случува."
Роман Грожан: "Пронаоѓањето на вистинскиот баланс за болидот да работи добро, на оваа патека е доста незгодно, а гумите уште повеќе ја отежнуваат задачата. Имаме одредена работа до утрешниот ден за да го направиме болидот малку полесен за управување. Дефинитивно, во него има повеќе перформанси кои треба да се пронајдат. Секогаш е добро да се биде во близина на врвот дури и кога работите не одеа како подмачкани, па ќе видиме што можеме да направиме утре."
КИМИ: ИЗЛЕТАВ, НО НЕМАШЕ НИШТО ДРАМАТИЧНО
10/11/2013 01:50:00 PM
0
Share to other apps

