Стефано Доменикали, можеби еден од главните виновници за неуспехот на Ферари, во интервју за Шпанскиот АС, вели дека иако не успеваат веќе четири последователни сезони да го победат Ред Бул, тој не е виновен за тоа. Смета дека годините на Фернандо Алонсо не се залудно поминати во овој тим, и дека успесите допрва следуваат. Но, еве веќе неколку сезони го слушаме истиот изговор и нема ништо од Титулите, нити во Конструктори, нити во конкуренција на возачи.
"Мојата смена нема да донесе инстант Победи. Секако, мојот шеф може да го направи тоа, и ако тој го направи тоа, јас секогаш ќе бидам благодарен на Ферари. Но, проблемот не е Доменикали. Доменикали доаѓа прв на работа во утринските часови и последен ја напушта фабриката. Ако ние ја освоевме титулата во 2012 година, Доменикали ќе беше феноменален, тогаш тој би си ја сработел својата работа добро."
Во право е човекот, но реалноста е дека не освои ништо, а границата меѓу херој и отказ е блиска. Тоа многу малку е нештото што фали за добри резултати, но досега неговиот резултат е чиста нула. Секогаш има оправдување за лошите резултати, а времето поминато на работа е ирелевантно, ако се нема идеја за излез од кризата. Сега засега многу работи невестуваат повторување на оваа сезона.
"На почетокот на сезоната имавме конкурентен болид во квалификациите и многу добро темпо во трката. Проблемот е што ние не можевме да го подобруваме болидот како што одминуваа трките, бидејќи, за жал, во неколку случаи донесовме надградби, кои наместо да ги подобрат нашите перформанси, всушност, го влошија болидот. Потоа голем хендикеп беше промената на гумите на Пирели, по што не бевме во можност да ја искористиме нашата најдобра карактеристика - нашето темпо во трка. Кога станува збор за возачите, многу пати читав дека мора да го отпуштиме Фелипе. Сега кога го направивме тоа, читаме дека Фелипе морал да остане! Кој е вистинскиот потег?!? Да гледаме малку рационално на работите!!!"
Тешко на тим на кој Главниот шеф не знае што да прави и се води по пишувањата во медиумите. Како да гледаме рационално на работите, кога гледаме една голема нула.
"Јас секогаш ќе го бранам Фелипе, затоа што тој е специјално момче, посветен на целиот тим, но моравме да направиме професионална проценка. Што се однесува до Алонсо, мислам дека тој и Ферари треба да се држат заедно. Следната година ќе се бориме за титулата. Тоа е нашиот заеднички предизвик. Треба да ги видиме резултатите и од друга перспектива. Приказната на Фернандо во Ферари е две изгубени Титули во последната трка. Ако освоевме барем една од овие две Титули, приказната ќе беше извонредна, фантастична. Јас разбирам дека најдобриот возач, возач кој е двократен светски шампион, секогаш сака да има можност да се докаже во конкурентен болид. Да го земеме Ветел како пример, тој е одличен возач, нема сомневање во тоа, тој се равиваше со голема брзина во текот на годините. Но, со сета почит, тој исто така беше во можност целосно да ги искористи потенцијалите на неговиот болидот кој беше побрз од нашиот, а тоа значи многу."
"Нормално е дека другите тимови го сакаат, но Алонсо изјави дека е задоволен во нашиот тим, и сите што шпекулираат поинаку не им даваат кредибилитет на неговите зборови. Ние сакаме да победуваме со Фернандо и ние имаме договор за следните три години. Што повеќе можеме да кажеме? Се надевам дека ќе се пензионира во Ферари, тоа би било убаво, а и Фернандо го изјави тоа."
ДОМЕНИКАЛИ: ФЕРНАНДО И ФЕРАРИ ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА!!!
10/16/2013 03:28:00 PM
0
Share to other apps

