ФЕРАРИ: РЕКОРД СИ Е РЕКОРД И ТРЕБА ДА СЕ ПРОСЛАВИ
10/23/2013 05:01:00 PM
0
Од Ферари велат дека рекорд си е секогаш рекорд и треба да се прослави. Фернандо Алонсо вчера на Твитер го покажа специјалниот дизајн кој ќе ја краси неговата кацига на претстојното Индиско Гран При. На неа доминира бројот 1571, вкупниот збир на поени кои Шпанскиот возач ги има освоено во неговата кариера, придружено со зборовите: "F1 points World Record". Исто така пишува "ви благодарам" што се однесува за неговите фанови и тоа на три јазици (англиски, француски и италијански). Се ова е напишано врз необична за него бела позадина.
Share to other apps

