Фелипе Маса изјави дека преговара со неколку Ф1 тимови, меѓу кои и Вилијамс, и дека останува на тоа дека не сака да вози во мал тим кој нема шанси да се бори за Победи. Па така, најверојатно има вистина во пишувањето на Бразилските медиуми дека тој постигнал пет-годишен договор да остане во Формула 1 со овој британски тим.
Но, за сега, ова останува само како шпекулација, која би можела да се официјализира во наредните денови. Во меѓувреме Маса одлучи да го "следи" Вилијамс Ф1 на Твитер, во очекување на добри вести.
Маса би требало да го замени Пастор Малдонадо, кој гледа можност за преселба во Лотус Ф1 заедно се неговиот финансиски силен спонзор PDVSA. Како и да е, се ќе стане појасно во наредните денови.
ФЕЛИПЕ ВО ВИЛИЈАМС, ПАСТОР ВО ЛОТУС?!?
10/24/2013 05:14:00 PM
0
Share to other apps

