Менаџерот на Кими Раиконен официјално потврди дека тој нема да вози на последните две трки од сезоната за Лотус, нити за некој друг тим, со што се стави крај на интензивните шпекулации околу плановите на Финецот.
Финскиот весник, Turun Sanomat, прв ја објави веста дека Раиконен ќе биде подложен на операција на грбот, за да ja санира долгогодишна повреда која му правеше проблеми за време на трката во Сингапур оваа година, и стигнала до точка кога мора да пие апчиња против болки за да може да заспие за време на викендот во Абу Даби.
Така, додека тековната сезона продолжува со трките во Америка и Бразил, Кими ќе биде во Салцбург за операција на грбот, од која ќе треба време од околу месец дена за целосно да закрепне. Лотус Ф1 сега има само неколку дена да одлучи кој возач ќе биде неговата замена. Една од опциите е нивниот резервен возач, Давид Валсеки, но останува да видиме во наредните денови, или часови.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.