Денешните Квалификации се одржааа на зајдисонце, т.е. вообичаеното време за Абу Даби. Q1 сесијата започна дење, а Q3 заврши во темница, под рефлектори. Пол позицијата на Марк Вебер е 13-та во неговата кариера и негова втора оваа сезона, со што го изедначи рекордот на Џек Брабам, по број на освоени Пол позиции од Австралиските возачи. Со Себастијан Ветел на втората стартна позиција, ова беше четврти 1-2 пласман на Ред Бул во сезоната.
Со секунда до секунда и пол разликата меѓу двете врсти на гуми, стратегијата беше важна од самиот почеток на Q1. Поголемиот дел од возачите започнаа на медиум гуми, но двата возачи на Ред Бул стартуваа директно на меките, и не користеа медиум гуми во текот на квалификациите. Тоа ги поттикна остатокот од возачите да се префрлат на меки гуми за остатокот од Q1, а возачот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон, го постави најбрзото време во завршните секунди.
Возачите, кои поминаа во Q2, беа распоредени во само шест десетинки од секунда. Сите користеа меки гуми во текот на Q2, за на крајот Мерцедес АМГ повторно да го има најбрзото време, но овој пат со Нико Розберг пред Луис Хамилтон. Фернандо Алонсо најнепријатното изненадување на денот, и за околу една сесетинка не успеа да се пласира во Q3. Целиот викенд до сега не му оди како што треба, а тој направи грешка при неговиот прв брз круг на нови меки гуми, потоа се обиде повторно, но не успеа да има добар финален сектор, кога гумите веќе ги губеа своите перформанси.
Во последната Q3 сесија најбрзите 10 болиди започнаа на меките гуми. Марк Вебер го постави најбрзиот круг, во својот втор обид при истечено време од Q3. Годинашното најбрзо време е за повеќе од половина секунда побрзо од Пол позицијата од минатата година.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Марк Вебер Ред Бул 1:39.957
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.075 + 0.118
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.419 + 0.462
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.501 + 0.544
5. Кими Раиконен Лотус 1:40.542 + 0.585
6. Нико Хулкенберг Заубер 1:40.579 + 0.619
7. Роман Грожан Лотус 1:40.997 + 1.040
8. Фелипе Маса Ферари 1:41.015 + 1.058
9. Серџо Перез Мекларен 1:41.068 + 1.111
10. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:41.111 + 1.154
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:40.473 Разлика
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:41.093 + 0.620
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:41.133 + 0.660
13. Џенсон Батон Мекларен 1:41.200 + 0.727
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:41.279 + 0.806
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:41.395 + 0.922
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.447 + 0.974
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:40.693 Разлика
17. Естебан Гутиерез Заубер 1:41.999 + 1.306
18. Адријан Сутил Форс Индија 1:42.051 + 1.358
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:43.252 + 2.559
20. Жил Бјанки Марусија 1:43.398 + 2.705
21. Чарлс Пик Катерам 1:43.528 + 2.835
22. Макс Чилтон Марусија 1:44.198 + 3.505
107% Време: 1:45.564