Можеби од непроспиените ноќи при прославата на титулите, Шампионот со невообичаена грешка при крајот од тренингот, кога не успеа да застане на определеното место во боксот и удри во гумата што беше во рацете на еден од неговите механичари. За среќа никој не беше повреден, а болдиот претрпе малку штета.
Првата тренинг сесија не е вистински показател на формата на тимовите, и беа користени само гумите со потврда смеша. Првично се истакнуваат Лотус, Мерцедес АМГ и Ред Бул, а Ферари со очајно слаби резултати. Ако не биле на друга програма за работа, нивната борба за второ место во конструктори нема баш светла иднина.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ- РОМАН ГРОЖАН СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Роман Грожан Лотус 1:44.241 21
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:44.433 + 0.192 23
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:44.499 + 0.258 18
4. Марк Вебер Ред Бул 1:44.712 + 0.471 20
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:44.741 + 0.500 24
6. Кими Раиконен Лотус 1:44.929 + 0.688 23
7. Пол ди Реста Форс Индија 1:45.040 + 0.799 20
8. Џенсон Батон Мекларен 1:45.099 + 0.858 20
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:45.150 + 0.909 24
10. Серџо Перез Мекларен 1:45.331 + 1.090 20
11. Нико Хулкенберг Заубер 1:45.378 + 1.137 23
12. Фернандо Алонсо Ферари 1:45.440 + 1.199 18
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.823 + 1.582 22
14. Џејмс Каладо Форс Индија 1:45.924 + 1.683 20
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:46.068 + 1.827 18
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:46.114 + 1.873 22
17. Фелипе Маса Ферари 1:46.124 + 1.883 18
18. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:46.126 + 1.885 21
19. Чарлс Пик Катерам 1:47.600 + 3.359 22
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:47.670 + 3.429 22
21. Жил Бјанки Марусија 1:47.723 + 3.482 23
22. Родолфо Гонзалес Марусија 1:49.565 + 5.324 22
Таман се понадевавме дека во Ред Бул се сеуште "опиени" од минатонедлниот успех, Себастијан Ветел и Марк Вебер се вратија на врвот од табелите на вториот слободен тренинг за Абу Даби ГП-то. Откако беше засенет од страна на Лотус и Мерцедес АМГ во предпладневната сесија, Ред Бул повторно со најбрзото време на петочните тренизи.Роман Грожан, звездата на првиот тренинг, на средината од втората сесија, имаше излетување на една од шиканите и го извести својот тим преку радиото дека нешто се скршило на неговиот болид. Кога се врати во гаражата, механичарите работеа на неговата предна десна кочница, но Французинот пропушти околу 20 круга на возење.
Формата на Мекларен оди во нагорна линија, па Серџо Перез и Џенсон Батон беа побрзи од болидите на Ферари, кои пак одат во надолна линија и се наговестува уште еден слаб викенд за нив.
Нико Хулкенберг, кој никако да најде возачко место за наредната сезона, од толку многу платеници, повторно во најбрзите десет, но во овие тажни времиња за Формула 1 возачите, кога талентот нема предност пред парите.
Долгите стинтови повторно покажуваат дека Ред Бул е најбрзиот тим, следуваат Мерцедес АМГ и Лотус. Мекларен денес покажа добри перформанси и е тука некаде, со овие два тима, а Ферари малку заостанува зад сите овие тимови. Квалификациите се утре, Сабота, 2 Ноември, со почеток од 14 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.335 33
2. Марк Вебер Ред Бул 1:41.490 + 0.155 32
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:41.690 + 0.355 37
4. Кими Раиконен Лотус 1:41.726 + 0.391 40
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:41.758 + 0.423 39
6. Серџо Перез Мекларен 1:42.006 + 0.671 35
7. Џенсон Батон Мекларен 1:42.010 + 0.675 30
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:42.171 + 0.836 30
9. Нико Хулкенберг Заубер 1:42.324 + 0.989 40
10. Фелипе Маса Ферари 1:42.440 + 1.105 35
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:42.509 + 1.174 37
12. Роман Грожан Лотус 1:42.607 + 1.272 18
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:42.806 + 1.471 26
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:42.952 + 1.617 35
15. Адријан Сутил Форс Индија 1:42.998 + 1.663 25
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:43.152 + 1.817 28
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:43.271 + 1.936 35
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:43.565 + 2.230 34
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:44.138 + 2.803 34
20. Жил Бјанки Марусија 1:44.459 + 3.124 34
21. Чарлс Пик Катерам 1:44.525 + 3.190 37
22. Макс Чилтон Марусија 1:45.565 + 4.230 26