Со својата футуристичка архитектура и тркање на зајдисонце, Абу Даби ГП личи на трка од иднината. Со просечна брзина од речиси 200 км ч , патеката се состои од "улична" секција, пристанишен дел и сектор каде се вози со голема брзина. На средината на патеката е Џас Марина хотелот, архитектонско чудо, камелеон кој ја менува својата боја. Подземниот излез од боксовите е тесен и лизгав, и лесно може да предизвика застој.
Патеката се одликува со најдолгиот рамен дел во Ф1 календарот, каде се развиваат брзини до 320 км/ч пред наглото сопирање за лево-десната шикана. Тоа е местото каде ќе се случат повеќето претекнувања на трката. Објектите се извонредни, а тимови и нивните гости имаат огромни простории на располагање. Себастијан Ветел тука ја освои својата прва Титула Светски Шампион во 2010 година.
Кривина 7
Оваа кривина е најспора на патеката. Моторното кочење треба да биде особено ефективно за болидот да има стабилност при влезот, и подеднакво добро реагирање на педалата од гаста при излезот кој води кон најдолгиот правец. И најмалата грешка ќе доведе до значителна загуба на време.
Правецот помеѓу кривините 7 и 8
Околу 55% од патеката се поминува со полн гас, со просечна брзина од околу 200км/ч , слично на патеката во Монтреал. Најдолгиот правец во сезоната има 1.200 метри помеѓу кривините 7 и 8. Болидите ќе бидат со полн гас околу 14 секунди, достигнувајќи брзина од над 320км/ч . Калибрација на брзините е од суштинско значење, седмиот степен на пренос мора да биде поставен релативно долго за да се овозможи конкурентност на крајот од правецот со активен ДРС. Сепак, кривините во третиот сектор бараат брзините да бидат тесно распоредени за да се постигнат потребните кратки рафали на забрзување помеѓу острите кривини, така да инженерите ќе бидат принудени да направат компромис некаде по должината на патеката.
Кривина 21
Во третиот дел на патеката од кривината 11 па се до финалната кривина со број 21 доминираат главно десни кривини кои се земаат во втор или трет степен на пренос. Кривината 21 е добар пример на една типична кривина во овој сектор. Просечната брзина е ниска, само 160км/ч, а управливоста на болидот треба да е на највисоко ниво, бидејќи десетинки од секунда може да се добијат ако тој е "прикован" на патеката во овие бавни кривини.
ВО ПРЕСРЕТ НА ТРКАТА ВО АБУ ДАБИ
11/02/2013 01:28:00 AM
0
Tags
Share to other apps