Според најновите шпекулации во Остин. очекуван расплет на настаните во Лотус Ф1. Quantum motorsport, по се изгледа се јаки само на уста, а во пракса нема никакви резултати, па Нико Хулкенберг повеќе не е во трка за возачкото место во Лотус. Тој што ги има парите, ќе го именува и вториот возач.
Венецуелскиот министер за нафта Рафаел Рамирез навести за весникот Ел Национал дека Пастор Малдонадо со милионите од PDVSA ќе се префрлат од Вилијамс на Лотус.
"Тимот се менува и она на што се работи е Лотус, и верувам дека во следните неколку дена ќе имаме потврда.", вели претседателот на PDVSA.
Веста за префрлување на PDVSA кон Лотус, исто така, ќе биде голем удар и за Заубер, кој неодамна имал средба со Пастор Малдонадо во нивната база во Хинвил. Руските инвеститори пак, кои стојат зад Сергеј Сироткин, најверојатно се од истиот ков како и Квантум групацијата. Но, можно е враќањето на Серџо Перез.
Со тоа постојано се намалуваат опциите за Нико Хулкенберг, кој сега има и нов конкурент на 2014 пазарот на возачи во Серџо Перез и неговиот спонзор Telmex. Форс Индија сега може да биде последната надеж за Хулкенберг.
МАЛДОНАДО -> ПАРИ -> ЛОТУС, ХУЛКЕНБЕРГ АУТ
11/16/2013 03:04:00 PM
0
Share to other apps