Sergio you`re out for next season!!!
Се потврдија шпекулациите дека во Мекларен не планираат да го продолжат договорот со Серџо Перез. Самиот возач побрза да објави дека го напушта тимот, во кој стекнал многу пријатели и покрај проблематичната сезона:" Прво, jас би сакал да се заблагодарам на Мекларен што ми дадоа можност да бидам со нив оваа сезона. Тоа беше чест за мене да се вози за еден од најконкурентните тимови во спортот и јас ни малку не жалам за одлуката да им се придружам. Отсекогаш го давав најдоброто од мене за тимот, но и покрај тоа не го постигнав она што ми беше цел во овој историски тим."
" Запознав многу нови луѓе во Мекларен стекнав многу добри пријатели. Тоа беше добро искуство за мене. Сега, јас сум во тешка ситуација околу мојата иднина во Формула 1, бидејќи одлуката е донесена многу, многу доцна, но, сум убеден ќе го најдам најдобриот правец за мојата кариера."
"Јас нема да бидам во Ф1 само за да бидам во Ф1. Ако не ја најдам вистинската опција, можеби ќе се обидам во некој друг мотоспорт. Целта е да се вози за добар тим кој може да ми даде можност да победувам на трки."
Останува уште да се потврдат интензивните шпекулации од изминатите неколку дена дека Мекларен постигнал договор со Кевин Магнусен, шампионот од Формула 3.5 првенството.