Rainy days for Pastor Maldonado
Вилијамс веќе објави дека потпиша договор со Фелипе Маса, кој ќе биде тимски колега на Валтери Ботас во 2014 година, со што се стави крај на тригодишниот претстој на Малдонадо во тимот. Но, тој вели дека е среќен што заминува на крајот од оваа сезона, по чувството дека тој и тимот веќе не се добри еден за друг. Тој вели дека многу повеќе допринел за тимот, од колку тимот за него."Јас сум многу среќен, веќе неколку месеци бев во разговори со тимот и јас сакав да ги напуштам. Тоа е тоа. Тоа беше моја одлука. Во Сингапур дефинитивно решив да го напуштам тимот, и тоа беше 100 отсто мојата одлука. Мислам дека јас дадов многу повеќе за тимот отколку што тимот за мене. Ние, минатата година, дојдовме до Победа, имавме многу добари резултати, па дури и оваа сезона имавме доста добри трки. Но, тоа не е сè. Јас сум за нешто повеќе од Ф1."
"Ова беше тешка година, многу тешка за целиот тим, и мојата одлука е бидејќи не бев доволно среќен во тимот. Сакав да пробам нешто различно, а можеби ова е многу важно време за мене и мојата кариера. Тоа е тешка, но голема одлука."
Е сега, кога сам напушташ некој Ф1 тим, најчесто имаш обезбедено некоја иднина за себе, што не е случај со Малдонадо, што ни дава право да се сомневаме дека навистина своеволно го напушта Вилијамс. Се поврзува со Лотус за 2014 година, и би потпишал досега за нив, ако пропадне финансискиот договор со инвеститорите Quantum Motorsports. Сепак, ништо не е финализирано за него, а како останати опции се Заубер и Форс Индија.
"Можеби имам идеја за она што сакам да го направам, ние работиме на тоа на што се надевам и ја очекувам конечна одлука наскоро. И јасен пат за следната година."