Фернандо Алонсо потврди дека како прв избор го побарал бројот 14 за следната 2014 сезона. Како дел од новите прописи кои се воведуваат од следната година, возачите треба да одберат број што ќе го носат за време на целата своја Ф1 кариера. Секој од возачите треба да избере тркачки број, помеѓу 2 и 99, додека бројот 1 ќе биде резервиран за актуелниот Ф1 Шампион. ФИА побара сите возачи да предложат три броја, примарен, втор и трет избор пред Божиќните празници.
"Јас ќе го користам бројот 14. Тоа е мојот среќен број од 1996 година, кога, на 14-годишна возраст, на 14 Јули, со картингот со број 14 го освоив Шампионатот. Од тогаш секогаш го користев бројот 14. Се надевам дека ќе ми донесе среќа следната година." - изјави Алонсо за новинарите во Мадрид.
Кими Раиконен, новиот тимски колега на Алонсо го избра бројот 7, додека неговиот поранешен тимски колега Фелипе Маса ќе го користи бројот 19 во Вилијамс. Неговиот тимски колега Валтери Ботас го избра 77. Други возачи кои ги открија посакуваните броеви се Нико Розберг, примарен избор му е 6, па 5 или 8, Серџо Перез го посакува бројот 11, Жан-Ерик Верн, 21 - 25 или 27.
АЛОНСО ГО ПОСАКУВА БРОЈОТ 14, КИМИ 7-КАТА
12/21/2013 12:44:00 AM
0
Share to other apps