Сергеј Сироткин е официјализиран како тест возач за 2014 сезоната. Русинот се приклучи на тимот во август 2013 година и од тогаш стекнува се повеќе и повеќе увид во Формула 1 Шампионатот. Тој помина неколку дена во фабриката во Хинвил, а на крајот на Септември тој имаше демо возење со болидот на Заубер на нова патека во Сочи, која ќе биде домаќин на 2014 Русија ГП-то. Во октомври, тој тестираше со 2009 болидот на Ферари на патеката Фиорано. Целта на Заубер Ф1 е да го подготви за своето деби во Формула 1. Тоа требаше да се случи и оваа сезона, но Рускиот капитал не влезе во Заубер, па така, и тој не го доби ветеното возачко место.
Наместо со Русите Заубер Ф1 го продолжи партнерството со Telmex, кој ќе остане Премиум партнер на тимот и следната сезона, па логото на мексиканската телекомуникациска компанија продолжува да има значително присуство на болидите на Заубер.
Мониша Калтенборн, тимскиот шеф на Заубер, изјави:
"Задоволни сме што Естебан ќе се вози за нас во 2014 година, бидејќи ние веруваме дека тој е талентиран млад возач. Минатата сезона тој лично доживеа колку е тешко да се биде дебитант во Формула 1. Сепак, во текот на сезоната тој значително се подобри во квалификациите, но и во трките и ја заврши годината како најдобро пласиран дебитант во генералниот пласман на возачи. Често резултатите не беа во целосна корелација со неговите настапи. Убедена сум дека Естебан ќе биде во можност да го користи своето искуство за да постигне подобри резултати, а ќе биде потпомогнат од фактот што тој многу добро ги познава сите членови на тимот."Естебан Гутиерез:
"Јас сум среќен што ќе бидат во можност да продолжам како возач за Заубер Ф1. Минатата сезона, тесно соработувајќи со тимот, јас бев во можност да се подобрувам постојано. Следува моја четврта година со тимот, втора како возач, и се чувствувам спремен за преземањето на следниот чекор. Техничките предизвици во 2014 година ќе бидат големи. Јас ќе настојувам да се подобрам уште повеќе и да го поддржувам тимот на најдобар можен начин."Сергеј Сироткин, мораше да се задоволи со местото резервен возач на тимот:
"Тоа е голема шанса за мене како тест-возач на Заубер Ф1. Јас ќе работам напорно за да се подобрам и да го извлечам максимум од оваа можност. Формула 1 е многу сложена, па затоа е важно да се добие ваква шанса. Мојот главен фокус следната година, сепак, ќе биде шампионатот на Рено, кој е многу конкурентен. Ова ќе ми даде шанса да се подготвам уште подобро со цел да бидам подготвен за следниот голем чекор."Карлос Слим, Претседател на Telmex, изјави:
"Ние во Telmex и Telcel сме многу горди што ја продолживме соработката со Заубер Ф1 и да ја задржиме нашата успешна историја во мотоспортот, особено во Формула 1 и нашата програма за развој на Мексикански и латински возачи како што е Естебан Гутиерез, млад талентиран возач, пријател и човек."