Во вторникот започна 2013 Бахреин тест сесијата, организирана од страна на Пирели за да се тестираат нивните гуми за 2014 година. Тестот се одвива зад затворени врати за пошироката јавност, па времињата по кругови и детали не се откриваат. Денес е последниот ден од три дневната тест сесија, на која учествуваат тимовите на Ред Бул, Ферари, Мерцедес АМГ и Торо Росо со нивните 2013 болиди.
Од следната година, гумите ќе мора да се справат со многу поголемиот вртежен момент на новите турбо мотори, па Пирели по незгодната за нив 2013 сезона, најавија поконзервативен пристап при дизајнирањето и конструкцијата на гумите за следната сезоназа.
Според Италијанскиот Автоспринт општ впечаток на тимовите е дека 2014 гумите се побавни од сегашните. Официјалниот снабдувач на гуми во Формула 1, во Бахреин тестира десетици смеши и повеќе комбинации на конструкција, но за сите нив заедничко е што имаат внатрешен појас од кевлар.
2013 БАХРЕИН ГП ТЕСТ СЕСИЈАТА СЕ ОДВИВА ВО ТАЈНОСТ
12/19/2013 02:22:00 AM
0
Tags
Share to other apps