Со објавата на Мерцедес АМГ дека Нико Розберг ќе вози на сите три дена од 2013 Бахреин тест сесијата организирана од страна на Пирели се комплетираа возачките постави на тимовите кои ќе земат учество на овој тест. Германецот на почетокот од годината ја освои Пол позицијата на оваа патека.
Тимот на Ред Бул ќе му даде шанса на својот тест-возач Себастијан Буеми да ги покаже своите способности и да го почуствува шампионскиот РБ9. Ова ќе биде негов прв тркачки предивик во Ф1 болид по заминувањето од Торо Росо на крајот на 2011 година. Ферари два тест дена ќе му овозможи на Педро де ла Роса, а последниот ден треба да вози Жил Бјанки. Торо Росо со својата прва постава за 2014 година, Жан-Ерик Верн и Дањил Квјат со по ден и половина возење на секој од нив.
Сите 11 тимови беа поканети да тестираат, но само шест се согласија да учествуваат, за подоцна да се откажат и Мекларен и Форс Индија. На тридневниот тест кој ќе се одржи од 17-19 Декември, Ф1 тимовите ќе ги користат болидите од 2013 сезоната.
ЗАПОЧНУВА 2013 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈАТА НА ПИРЕЛИ
12/17/2013 12:09:00 AM
0
Tags
Share to other apps