"Почнавме заедно пред толку многу години и сакам да им се заблагодарам на сите, од механичарите, инженерите, секој кој работи на патеките и луѓето во Маранело. Секој од вас, секогаш, ми даваше голема поддршка, особено во најтешките моменти и никогаш нема да заборавам она што Ферари го правеше за мене, кога ја имав мојата несреќа во 2009 година. Во тие околности разбирате што значи да се биде навистина сакан. Атмосферата во Ферари и уникатното чувство да се биде дел од семејството е нешто што ќе ми недостасува многу."Фелипе изрази посебна благодарност за тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали...
"Јас гледав кон него како мој поголем брат. Голема благодарност за се она што тој го направи за мене и за можностите што тој и претседателот ми ги дадоа."Бразилецот имаше добри зборови и за неговиот пријател и досегашен тимски колега, Фернандо Алонсо, и се пошегува во врска со инцидентот од 2010 Германското ГП...
"Благодарност и до тебе Фер, ние ќе се сретнеме повторно на патеката и овој пат ќе се обидам да не те пропуштам толку лесно."Фелипе ќе ги помине Божиќните празници со своето семејство во Бразил, пред да ја започне својата нова авантура во Формула 1. Тој со себе ќе го понесе подарокот од претседателот Монтеѕемоло, моторот од F2008 болидот, со кој за малку ќе ја освоеше Светската Титула во 2008 година.