Бројот 1 секогаш ќе му припаѓа на Шампионот
Правила, правила, правила. ФИА на сите начини се обидува да внесе новини во Формула 1 со цел да се зголеми интересот кон овој мотоспорт. На социјалните мрежи и Ф1 форуми се одвива жестока дебата, дали тоа е добро или не за Формула 1, а повеќето новини за фановите се сосема непотребни и смешни. Според нас правилата си се правила важат подеднакво за сите, но со некои се губи смислата на некои рекорди поврзани со број на трки и поени. Сепак, тоа се секундарни рекорди кои ретко кој и ги спомнува.Реално интересот за Формула 1 започна да се губи кога почна доминацијата на еден тим во подолг период, започната со Ферари и Михаел Шумахер, за да се префли на Ред Бул и Себастијан Ветел. Кога тоа би можело да се елиминира, се ќе биде заборавено, и ќе се врати стариот сјај на врвната класа на мотоспорт трките.
Кога би можеле да дискутираме за тоа како Себастијан Ветел со брилијантни претекнувања и неизвесност ја освоил Титулата, нема да се занимаваме со споредни работи, правила, казни, регулативи, а тоа ни преостанува кога Титулата е решена веќе на половина од сезоната.
Распределба на постојани броеви за возачите е едно од правилата кое е добро прифатено од фановите и најважно возачите. Неофицијално, ФИА веќе ги контактирала тековните возачи, (директно нив, а не преку тимовите, со цел да се избегне влијанието на истите во изборот на броевите) и им кажала да изберат броеви кои ќе ги користат во текот на целата нивна Формула 1 кариера и кои ќе бидат многу повидливо обележани на болидите, а од наредната сезона и нивните кациги.
Ова правило објавено во најновиот апдејт на спортските правила во оригинал гласи:
Each car will carry the race number of its driver as published by the FIA at the beginning of the season or the race number that has been allocated to his replacement under Article 19.1(b)(iii). This number must be clearly visible from the front of the car and on the driver’s crash helmet.
Prior to the start of the 2014 World Championship season race numbers will be permanently allocated to drivers by ballot, such numbers must then be used by that driver during every Formula One World Championship Event he takes part in throughout his career. Any new drivers, either at the start of or during a season, will also be allocated a permanent number in the same way.
The only exception to this allocation process will be for the reigning World Champion who will have the option to use the number one. The number that was previously allocated to him will be reserved for him in subsequent seasons if he does not retain the title of World Champion.Ова правило укажува дека броевите ќе бидат избирани по случаен избор, ждрепка, но од ФИА појаснија дека процесот на селекција на број ќе биде направен со личен избор на возачите во распонот од 2-99. Во случај кога два или повеќе возачи би избрале ист број, предност ќе има оној кој е подобро пласиран во претходниот шампионатот. За следната 2014 сезона, се зема во предвид генералниот пласман на возачи од 2013 шампионатот.
Единствено Шампионот, во овој случај, Себастијан Ветел, покрај бројот што ќе го избере, ќе може да го користи бројот 1, се додека Титулата е во негови раце. ФИА побарала возачите да ги достават своите избрани броеви пред Божик, т.е. 25 Декември.
Некои од возачите веќе и конкретно и јавно покажаа интерес за новиот начин на избор на броеви, па така новиот член на Форс Индија, Серџо Перез, го посакува бројот 11, со кој ја започнал својата тркачка кариера во картинг. Жан-Ерик Верн од Торо Росо, го посакува бројот 27, заедно со 25 и 21. Околу број 27 би можело да има голема конкуренција, затоа што тој е поврзан со Ф1 легендите Жил Вилнев и Аиртон Сена.
Фелипе Маса ја посакува 19-ката, додека Валтери Ботас ги праша своите Твитер фанови што мислат за BO77AS, но и самите да предложат некои идеи. Овој систем на броеви е вообичаена практика во Мото ГП и НАСКАР Шампионатите со децении.
Ред Бул
Себастијан Ветел: нема објавено.
Даниел Рикиардо: нема објавено.
Ферари
Фернандо Алонсо: 14.
Кими Раиконен: 7.
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон: нема објавено.
Нико Розберг: 6, 5 или 9.
Лотус
Роман Грожан: 8, 29 или 11.
Пастор Малдонадо: нема објавено.
Мекларен
Џенсон Батон: нема објавено.
Кевин Магнусен: 20.
Форс Индија
Серџо Перез: 11.
Нико Хулкенберг: нема објавено.
Заубер
Адријан Сутил: нема објавено.
Естебан Гутиерес: нема објавено.
Торо Росо
Жан-Ерик Верн: 25, 21 или 27.
Дањил Квјат: нема објавено.
Вилијамс
Фелипе Маса: 19.
Валтери Ботас: 77, 17 или 11.
Марусија
Жил Бјанки: 7, 27 или 77.
Немаат објавено втор возач.
Катерам
Немаат објавено прв возач.
Немаат објавено втор возач.