"Тоа беше разочарувачки за нас, бидејќи сите тимови го имаа истиот предизвик, а тоа е целата вистина. Потоа следуваше битка на зборови помеѓу различни Ф1 тимови за она што им беше дозволено да прават и она што не им беше дозволено да се направи, а ние влеговме во средината на таа битка. Следуваа голем број на непотребни коментари и дебати, кои не требаше да се случат. Ние сме партнер и конкурент, ние секогаш ќе реагираме ако сите тимови, или самиот спорт, ни каже дека треба да се направи промена, ние ќе го направиме тоа, но сиот тој притисок од медиумите беше многу разочарувачки. Ако овој спорт не ве заштити, тогаш тоа мора да го направите сами."Секако, критиките на Ред Бул беа најгласни пред летната пауза во Формула 1, за подоцна со доминацијата да престанат, но тогаш се огласија другите тимови, на кои не им одговараше промента на гумите во текот на сезоната. Вторите беа во право, бидејќи болидите ги развиваа на сосема други гуми. Но, Пирели е најмалку виновен за настанатата ситуација, а по се изгледа си нанесе голема штета на својот имиџ. Тие често беа критикувани поради големата деградација на своите гуми, но не треба да се заборави дека Ф1 менаџментот му наложи да испорачува таков производ, во согласност на сите Формула 1 тимови и шефови. Па така, Пирели ја имаше можеби најтешката сезона во Формула 1 шампионатот.
ПИРЕЛИ СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ТИМОТ НА РЕД БУЛ
12/22/2013 08:14:00 PM
0
Пол Хембри, Шефот на мотоспорт одделот на Пирели вели дека италијанскиот производител најмногу бил погоден од критиките на Ред Бул, во врска со нивните гуми за време на 2013 Формула 1 сезоната. Тимот на Ред Бул, според нив, непотребно бил критички насторен кон италијанскиот производител на гуми во текот на 2013 шампионатот, кога Себастијан Ветел постигна девет победи по ред по завршувањето на летниот одмор.
Share to other apps